Невработеноста и натаму ќе се намалува

Скопје, 13 февруари 2015 (МИА) - Невработеноста во Република Македонија има позитивен тренд и се намалува. Стапката на невработеност до 2018 година ќе се намали на 22 проценти. Кон тоа ќе придонесат не само мерките што веќе ги презема Владата од 2006 наваму, туку и дополнително најновите кои се однесуваат на хонорарците и вработувањето на волонтерите.

Ова го наведува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за Сител.

- Во 2006 година стартувавме со невработеност од 38 проценти, како Влада со многу мерки – директни, индиректни, со поддршката што ја дававме за стопанството во вид на евтини кредити, со големиот број инфраструктурни проекти во градежништвото и индустријата што овозможија слободни работни места, со слободните економски зони и сите други политики успеавме да ја намалиме таа невработеност од 38 проценти на 28 проценти. Процентите како проценти можеби некому не значат ништо, но тоа се стотици илјади работни места, стотици илјади луѓе нашле работни места, стотици илјади луѓе плата примаат, стотици илјади семејства опстануваат со таа плата можат децата да ги пратат на училиште, на факултет, да решат прашања од сопствен дом и слично, вели министерот.

Според него, станува збор за судбини на луѓе и оти Владата успеала во тој процес да помогне на голем број луѓе да најдат работа и тоа е основниот начин како и во иднина ќе се продолжи со борбата против невработеноста. - Значи, со привлекување нови инвестиции, со овозможување добри услови за фирмите и со ваквите мерки со хонорарците или со лицата кои биле волонтери дополнително ќе помогнат да ја стигнеме целта, а таа е невработеноста да се намали за стапка некаде околу 22 проценти до крајот на нашиот мандат во 2018 година, истакнува министерот за финансии.

За решението за трансформација на работниот однос на досегашните волонтери и лица кои се со договор на дело, министерот посочува дека тоа произлегува од директните средби со граѓаните и е правична кон овие лица.

- Не може да биде некое лице ангажирано седум, осум, девет години со волонтерски договор или договор на дело. Ние тој проблем го наследивме, тој можеби е и повеќе од 10-ина години во некои институции, но сметавме дека треба да созреат условите, да најдеме и финансиски можности за тоа да го направиме и да најдеме модел со кој ќе можеме да го издржиме тоа вработување, бидејќи ќе предизвикува фискални импликации. Затоа ќе се организира 35 отсто веднаш, 35 отсто на крајот на 2015 година со фискални импликации почнувајќи од 2016 и останатиот дел на лицата ќе бидат од септември 2016. Меѓутоа, за сите сега има извесност, рече министерот Ставрески и додаде дека сите кои биле волонтери заклучно со 30 ноември 2014 година најмалку три месеци влегуваат во оваа група на кои ќе им биде решено прашањето на вработување.

Според него, тоа е добро и за институциите затоа што во некои институции во поголем број случаи овие лица беа суштински за извршување на активностите и на функциите на тие институции. - Има болничари или сестри кои вршат операција, а се волонтери. Исто така, има негувателки во градинките кои ги чуваат децата со сета одговорност што ја носи работата, а беа на договор на дело или волонтери. Тоа не е во ред. Ние најдовме начин како Влада, смогнавме финансиски сили во овие времиња кога не е тоа така едноставно за тие лица да обезбедиме постојано вработување, да имаат повисока плата тие што досега биле волонтери, а за сите да има здравствено и пензиско осигурување и сигурност што ја носи редовниот работен однос, рече Ставрески.

Според него, Владата е убедена дека и ова и решението за хонорарците се исправни и затоа и во едното и во другото се останува на основниот курс, а тоа е кај хонорарците по влезот на Република Македонија во ЕУ тој праг на лицата да биде на ниво на минималната плата.

- Гледајќи ги и околностите дека се уште општото ниво на доход во РМ е пониско отколку во останатите земји, разговарајќи со голем број лица кои беа засегнати како Влада должни сме кога има добри аргументи да ги прифатиме и да ги ревидираме решенијата. Ние тоа го направивме со тоа што сега со ова решение значително подобри се условите за двете категории, истакна Ставрески.

Појасни дека првата категорија се лицата кои се вработени и кои сега со повисокиот плафон од 21.300 денари нема да плаќаат воопшто придонеси, а ако хонорарот е над 21.300 денари, да речеме 25.000, ќе плаќаат придонес на разликата.

Втората група, како што рече, се лицата кои не се вработени, но остваруваат хонорари и тука границата треба да биде минималната плата затоа што на тој начин се овозможува поголем број лица да имаат социјално, здравствено и пензиско осигурување.

На лицата кои се веќе вработени им се дава повисок лимит бидејќи тие веќе плаќаат на основната плата здравствено и пензиско осигурување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...