„Гентерм“ ќе инвестира 20 милиони евра и ќе вработи 2.000 лица

Скопје, 24 февраури 2015 (МИА) - Околу 2.000 нови вработувања најавува американската компанија „Гентерм“ која денеска ги потпиша договорите за реализирање на планираната инвестиција во економската зона Прилеп, вредна 20 милиони евра.

Како што соопшти денеска директорот на компанијата Јорк Еверс, во првата фаза е предвидена изградба на објект од 6,5 илјади метри квадратни и вработување на илјада лица.

Фабриката треба да профункционира од октомври годинава. Ќе се произведуваат клима уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар кај купувачи како бентли, рено, бмв, порше, фиат...

- Достапноста на едуцираната работна сила и одличните инвестициски можности беа причините поради кои ја одбравме Македонија. Во игра беа вкупно пет земји од Југоисточна Европа, но по деталните анализи констатиравме дека Македонија е најдобриот избор, нагласи Еверс.

Според него, за Гентерм вложувањето во земјава е голем чекор што ќе им овозможи проширување на бизнисот во Европа. 

Согласно проекциите американската компанија ќе гради фабрика со вкупна површина од 21.000 метри квадратни. Паралелно со активностите околу изградбата што треба да стартуваат идната недела, се подготвува и зоната во Прилеп.

- Во тек  е изборот на менаџерскиот тим и на лицата кои ќе се вработат, а многу скоро ќе почнат и обуките во фабриката на Гентерм во Украина, информира директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.  

Гентерм е глобална, брзорастечка компанија која произведува електроуреди за регулирање на термална енергија во автомобилите. Брои вкупно 9.000 вработени во капацитетите во САД и Украина, а годишно од продажбата реализира 800 милиони долари. Погонот што ќе се отвора во Прилеп, според најавите, ќе биде современ, со најмодерна технологија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...