Русија и нуди на Грција кредитна линија и гас по пониски цени

Москва, 8 април 2015 (МИА) - Русија е подготвена да и понуди на Грција кредитна линија и да и продава гас по пониски цени за да и помогне во сегашната ситуација со нејзините долгови, пишува московски „Комерсант“, повикувајќи се на неименуван висок руски функционер.

Пишувањето на весникот се појавува пред денешната средба во Москва на рускиот претседател Владимир Путин со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Грчката коалициска Влада на социјалисти, марксисти и националисти, предводена од Сириза се свртува кон Русија, барајќи алтернативни извори за пари во обид да го спречи банкротот на државата, наведува весникот.

Според „Комерсант„ понудата за кредитната линија за Грција веќе е на масата за преговори и останува да се види како на тоа ќе реагира грчката страна.

- Ние сме подготвени да и даваме поевтин гас на Грција, како и нови заеми, но од Атина бараме реципрочни потези, рекол истиот извор за московскиот весник.

„Комерасант“ не дава детали за тоа што руската страна би можела да побара, но другите московски медиуми откриваат дека Русија ја сака најголемата грчка компанија за гас ДЕПА, потоа акции во грчките железници, како и пристап кон двете најголеми грчки пристаништа во Пиреја и Солун.

Грција засега ја подржува новата траса за рускиот гас кон Европа „Турски поток“, но од Атина нема најави што би можела да даде како возврат за руската финансиска интервенција.

Посетата на Ципрас доаѓа на само неколку денови пред православниот Велигден, на што посебно се инсистира во Москва и во Атина, кога се зборува за старите врски меѓу двете земји, но и на само еден ден пред првата обврска на Грција да врати една рата од заемот на ММФ во износ од 448 милиони евра.

По велигденските празници, грчката Влада ќе мора да издвои уште 1,7 милијарди евра за плати во јавниот сектор и за пензии.

ЕУ стравува дека со грчкото свртување по пари кон Исток, атинската Влада може да го поткопа единството во Унијата околу одговорноста на Русија за нејзината вмешаност во украинската криза. Во Брисел се стравува дека Москва би можела да побара од Атина да стави вето во ЕУ за санкциите кон Русија.

Руската влада како гест на добра волја, но и како помош, би можела за Грција да ја укине забраната за увоза на храна од земјите на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...