Студентка „убиена“ пред 31 година е пронајдена жива и здрава

Берлин,30 септември 2015 (МИА) -  Жената која во 1984 година „исчезна без трага“ и за која се водеше неколкугодишна потрага, верувајќи дека е убиена, е пронајдена жива и здрава во Диселдорф, соопшти германската полиција.



Студентката Петра Паситка, која тогаш имаше 24 години, во 1989 година и официјално беше прогласена за мртва, откако по петгодишно трагање, полицијата не успеа да ја пронајде, ниту да го открие нејзиното мртво тело.

Истрагата што тогаш се водеше, веруваше дека станува збор за убиство на Паситка, па трагаше по убиецот. 

Полицијата дури успеа да дојде до „осомничен„  кој во еден момент признал убиство на млада девојка, па бил прогласен за виновен и осуден.

Паситка е откриена случајно, во текот на полициската истрага за еден грабеж во станбен кварт во Диселдорф, кога полицајците дошле до една 55 годишна жена, станар во станбениот блок, која немала лична карта.

Во текот на сослушувањето полицијата открила дека таа живеела под лажно име и дека всусшност, станува збор за одамна „умрената„ студентка.

Петра Паситка го признала својот вистински идентитет, објаснувајќи дека сакала да остане неоткриена и во длабока анонимност.

Во 1984 година, таа била студент по компјутерски науки.

Во еден момент одлучила да ја повлече од банката својата заштеда од четири илјади, тогашни марки, на својата соседка, исто така, студентка и ги дала на чување своите птици, домашни миленичиња и веднаш потоа исчезнала.

Останува нејасно зашто се одлучила на еден таков чекор и што се случувало во меѓувреме.

Нејзината мајка која е сеуште жива и братот, биле вчудоневидени кога разбрале дека Паситка, која долги години ја оплакувале, не е мртва, туку е сосема жива и здрава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...