ЕУ и Турција постигнаа договор за решавање на мигрантската криза

Брисел, 30 ноември 2015 (МИА) - Учесниците на Самитот ЕУ-Турција посветен на миграцијата, што заврши синоќа во Брисел, постигнаа договор за начините за надминување на мигрантската криза, јави ТАСС.  



На заедничката прес-конференција по завршувањето на Самитот, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, првиот човек на Европската комисија Жан-Клод Јункер и турскиот премиер Ахмет Давутоглу соопштија дека на средбата е утврден Акциски план за справување со проблмеот со имигрантите,  

Со планот се предвидува Анкара да добие три милијарди евра за потребите на бегалците сместени во камповите во Турција, сума која би можело да биде доплнително зголемена ако за тоа има потреба. За возврат Турција се обврзува да го запире приливот на имигранти од нејзина територија кон Европа.

По завршувањето на средбата, германскиот канцелар Ангела Меркел информира дека со „лидерите на некои земји-членки на ЕУ“ разговарала за прифаќање на дел од бегалците што сега се наоѓаат во Турција, но не посочи за кои држави станува збор.

Јункер од своја страна на прес-конференцијата најави дека до 15 декември Еврокомисијата ќе подготви план за прераспределба на дел од имигрантите од Турција на територијата на ЕУ.

- Тоа ќе се прави на доброволен принцип и планот ќе биде изработен врз основа на предлогот на Германија. Досега таквиот план има поддршка од осум членки на ЕУ, додаде Јункер.

Давутоглу соопшти дека на средбата е договорено на 14 декември во Брисел, Турција и ЕУ да започнат преговори по Главата 17 од договорот за членство, која се однесува на економски и финансиски прашања. 

- Среќен сум што можам да видам дека сите мои колеги во Европа се согласуваат дека Турција и ЕУ имаат заедничка иднина, потенцира Давутоглу, додавајќи дека зачленувањето на Анкара во Унијата е „во интерес не само на ЕУ и на Турција, туки и на светскиот мир“.

Тој најави дека очекува следната година да завршат и преговорите за укинување на визниот режим за патување на турските граѓани во земјите-членки на ЕУ.

- Визите за турските граѓани би можеле да бидат укинати во текот на есената 2016 година, додаде Јункер. 

Тој изрази уверување дека денешниот Самит претставува возобнова на билатералните односи меѓу ЕУ и Турција на високо ниво и дека ќе обезбеди заеднички одговор на бегалската криза. 

Говорејќи за мигрантскиот прилив, Давутоглу оцени дека ЕУ и Турција се „жртви на несупехот на системот на ОН да ја реши кризата во Сирија“, алудирајќи на ветата што ги ставија Русија и Кина на резолуциите поврзани со сирискиот конфликт во Сиветот за бебзедност на Светската организација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...