ИД планирал напад врз британските навивачи за време на ЕП во Франција

Лондон, 30 мај 2016 (МИА) - Џихадистите од Исламска држава на претстојното Европско првенство во фудбал во Франција планирале бомбашки напад врз навијачите на „Трите лава“ (британската фудбалска репрезентација) и тоа за време на натпреварот со Русија, објавија денеска британските медиуми.

Британските медиуми тврдат дека борците на ИД планирале нападот да го изведат со бомбаш самоубиец, со оружје, па дури и со дронови што би распрскувале хемиско оружје врз навијачите за време на натпреварот со Русија во Марсеј.



Полицијата наведува дека на лаптопот што го користел Салах Абделаслам (организаторот на нападите на Париз и Брисел) пронашла планови за напад врз навијачите кои на 11 јуни ќе се соберат во Марсеј, пренесува британски „Сан“.

Како што пишува овој таблоид, најмногу се стравува од тоа следбениците на Абделаслам да ги поседуваат неговите планови и да имаат намера да ги спроведат нападите и покрај неговото апсење.

Шефовите на британските служби за безбедност укажуваат на опасноста исламските екстремисти да планираат да пукаат врз навијачите надвор од стадионите, додека, на пример, пијат пиво по пабовите, надвор од „фан-зоните“.

„Баровите полни весели, пијани навијачи се многу лесни цели“, предупреди еден високо позизициониран полициски претставник и додаде дека заради адекватните мерки на внимателност засилена е соработката со француските колеги.

Европското првенство ќе се одржи од 10 јуни до 10 јули во повеќе градови од Франција.

По терористичките напади во Брисел Европската фудбалска федерација (УЕФА) во март издаде соопштение во кое наведе дека претстојното Европско првенство во Франција ќе биде организирано на највиско безбедоносно ниво.

Францускиот премиер Мануел Валс по минатогодишните напади во Париз рече дека првенството ќе биде одржано и дека тоа ќе биде најдобриот одговор за терористите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...