Велс бара спроведување на „радикални реформи“ за да опстане Велика Британија

Кардиф, 9 септември 2016 (МИА) - Првиот министер на Велс, Карвин Џонс изјави дека постоечкиот систем на поделба на власта и управувањето во Велика Британија, налага „радикални промени“ за да може државата да ги преживее „новите тензии“ предизвикани по изгласувањето на Брегзит.



Џонс се наоѓа во САД, каде престојува за промоција на велшкиот бизнис. 

Според британските медиуми, на излагањето во Чикаго, Џонс предупредил дека „ доколку не се направат неопходните реформи, тогаш ништо нема да биде невозможно, па дури и растурањето на Обединетото Кралство“.

Првиот министер ги повикал поборниците за напуштање на ЕУ кои сега се во Владата, да не заборават дека се должни да се обврзат оти на жителите на Велс  нема да им биде полошо финансиски,  надвор од ЕУ.

Џонс бара процесот на раздружување од ЕУ, да биде проследено со реформирањето во управувањето на Обединетото Кралство на еден подолг рок.

- Не може никако да има враќање на стариот уставен статус кво, со кој Британија беше една од најцентрализираните држави во развиениот свет, порача првиот министер на Велс од САД.

Во секој случај, Џонс вели дека е против дезинтегрирањето на државата, но ја предупредува владата во Лондон дека сите сценарија се можни, ако ништо не се направи.

Во почетокот на јуни годинава, тој предложи нов „федерален договор“ на земјите кои се дел од Велика Британија за да, како што рече, не се случи  Велс да биде „анектиран од Англија“.

Првиот министер Џонс бара од британската Влада , по Брегзит, земјата да остане на заедничкиот пазар на ЕУ, затоа што без тоа, според него, Британија ризикува непотребни економски проблеми.

Велшките конзервативци остро го критикуваат настапот на Карвин Џонс во САД, обвинувајќи го дека неговите барања се „предавство на Велшаните“.

Мнозинството гласачи во Велс на референдумот беа за Брегзит, но посматрачите во Лондон изјавата на велшкиот прв министер ја изедначуваат со изјавите на шкотскиот прв министер Никола Старџен, по референдумот од 23 јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...