Сенатот на Полска со нацрт-закон со кој се забранува абортус при откриен Даунов синдром

Варшава, 5 октомври 2016 (МИА) – Горниот дом на полскиот парламент подготвува нов нацрт-закон со кој ќе се забрани абортус при откриен Даунов синдром кај ембрионот. Тоа го изјави денеска на прес конференција претседателот на Сенатот,  Станислав Карчевски.

Тој објасни дека се појавила идеја Сенатот да биде автор на извесен компромис, поради тоа што во државата веќе има тензии заради граѓански нацрт-закон со кој се бара целосна забрана за абортус.

– Проектот е веќе формулиран, изјави Карчевски.

Во септември полските пратеници разгледуваа два нацрт-закона за абортусите.

Едниот поднесен од организацијата Стоп за абортусите, предвидува целосна забрана и строги казни за жените кои бараат абортус. По првото читање, тој беше испратен на доработка.

Друг проект, на граѓански комитет Да ги спасиме жените, дава право на абортус до 12-та недела без ограничувања, а потоа по медицински извештаи. Тој беше отфрлен од Долниот дом на парламентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...