Меркел повика на забрана за носење бурки во Герменија

Есен, 6 декември 2016 (МИА) - Германската канцекарка Ангела Меркел денеска повика на воведување на забрана за носење бурки во Германија, нагласувајќи дека таа поддржува општа забрана за прекивање на лицата.

- Прекривањето на лицата мора да биде целосно забрането, секаде каде што е тоа можно законски, изјави Меркел во обраќањето на Конгресот на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ), што се одржува во германскиот град Есен. 

Ваквата изјава на Меркел, како што јавија германските медиуми, предизвика громогласен аплауз на присутните делегати и гости на Конгресот на ЦДУ. 

Меркел натаму во своето обраќање нагласи дека е решена во својот став да не дозволи повторување на нов мигрантски прилив во Германија, сличен на оној од минатата година.

- Таква состојба не смее да се повтори. Тоа беше и остана наша и моја политичка цел, порача Меркел.

На Конгресот на ЦДУ се очекува Меркел да биде резибрана за лидер на партијата за наредните две години.

Иако Меркел е единствен кандидат за лидер на ЦДУ, гласањето сепак претставува тест за ставот на членството на партијата кон неа.

Во текот на претходната година, ЦДУ се соочи со тензии поради пристапот што го имаше Меркел кон бегалската криза, но и по низата лоши резултати на регионалните избори.

Германската канцеларка за телевизијата АРД во пресрет на Конгресот изјави дека очекува „пристоен резултат“. Таа пред две години доби поддршка од 96,7 отсто од делегатите, што претставува еден од нејзините најдобри резултати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...