Алфано: НАТО треба да се адаптира на новите предизвици

Рим, 27 март 2017 (МИА) - НАТО и трансатлантските односи треба да останат на своите основни столбови, но Алијансата мора да се адаптира на совремните услови, кои се карактеризираат со нови предизвици, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Анџело Алфано во интервју за агенцијата ТАСС.
- НАТО мора да се адаптира на новите услови, бидејќи дојде до големи промени во споредба со времето на неговото формирање. Сега се појавија нови предизвици, кои доаѓаат од југ. Од тој аспект треба нашето внимание да го насочиме кон изнаоѓањето нови решенија и механизмот на Алијансата да го адаптираме во согласност со современите задачи, изјави Алфано, кој се наоѓа во посета на Русија.
Според него, зајакнувањето на колективната одбрана во рамките на ЕУ ќе претставува гаранција за безбедноста на европските граѓани и ќе биде одговор за нивните стравувања.
- Сметам дека европската одбрана е особено важна, со цел кај европските граѓани да се врати довербата во заедничкиот проект. Наша основна задача е да продолжиме со изнаоѓањето ефикасни одговори на прашањата што предизвикуваат најголема загриженост меѓу европските граѓани, како што се економкиот раст, безбедноста и миграцијата, додава Алфано во интервјуто.
Тој натаму нагласува дека Италија верува во дијалогот со Русија, бидејќи, како што вели, без учество на Москва не може да се реши ниту една меѓународна криза.
Во текот на престојот во Москва, Алфано денеска имаше средба со неговиот руски колега Сергеј Лавров, на која една од главните теми беше украинската криза.
На заедничката прес-конференција по средбата, Лавров изјави дека Русија е заинтересирана Европа да демонстрира поголема посветеност кон исполнувањето на Договорот од Минск, за прекин на конфликтот во Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...