Член на „Исламската држава“ уапсен во Германија

Берлин, 28 април 2017 (МИА) - Германската полиција уапсила член на терористичката „Исламска држава“ во градот Бибераш во покраината Баден Виртенберг. Според локалните медиуми уапсениот е сириски државјанин на возраст од 23 години, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Сириецот се осомничен дека во 2013 година заминал во Сирија каде што се борел во редовите на ИД по што пристигнал во Германија. Германското јавно обвинителство не открива дали Сириецит со име Емад А. во Германија влегол како бегалец или искористил друг начин за влез во земјата.
Веста за апсењето на Сириецот доаѓа еден ден откако вчера германските власти објавија дека е уапсен војник на германската армија кој што планнирал напади врз мигранти а самиот бил пријавен како барател на азил со лажни документи.
Според германските служби за безбедност, над 800 германски граѓани и лица со регулиран престој во земјата досега заминале да се борат во ИД и други воени формации во Сирија и Ирак во последниве 5 години. Над 220 од нив веќе се вратени во Германија и претставуваат потенцијална опасност за германскиот јавен ред и мир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...