Граѓаните на Барселона на пладне ќе им одадат почит на жртвите од синоќешниот напад

Барселона, 18 август 2017 (МИА) - Граѓаните на Барселона на пладне ќе им оддадат почит на жртвите од нападот со комби, во кој синоќа, во центарот на градот, беа убиени 13, а повредени 100 лица, објави градоначалникот Ада Колау.

Полицијата овој напад го третира како терористички чин.

Одговорноста ја презеде вооружената група Исламска држава.

Каталонскиот претседател Карлес Пучдемон изјави дека се уапсени две лица, но кажа дека засега не е познато колку луѓе учествувале во нападот.

Полицијата идентификува еден од напаѓачите и соопшти дека станува збор за Дриш Оукабир.

Шпанските меидуми, меѓутоа, наведуваат дека Оукабир, откако била објавена неговата фотографија, и се предал на полицијата и дека изјавил дека документите му биле украдени и дека нема никаква врска со нападот.

Документите наводно биле пронајдени во едно од двете комби возила што се доведуваат во врска со нападот во Барселона.

Каталонската полиција, доцна синоќа, соопшти дека ниту еден од уапсените не го возел комбито користено во нападот.

Еден од уапсените е Мароканец, а вториот е Шпанец кој дошол од шпанската енклава Мелила, рече полицискиот претставник Јосеп Луис Траперо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...