Осумнаесетгодишен Сириец обвинет за нападот во лондонското метро

Лондон, 22 септември 2017 (МИА) - Британската полиција денеска соопшти дека покренала официјално обвинение против 18-годишниот Сириец, Ахмед Хасан во врска со нападот во лондоското метро минатиот петок.
Во полициското соопштение се посочува дека Хасан е обвинет за обид за убиство во рамки на истрагата околку бомбашкиот напад во метро станцата „Парсонс Грин“ на 15 септември, при што беа ранети 30 лица.
Сирискиот тинејџер се сомничи дека ја поставил рачно изработената бомба што експлодира во последниот вагон на возот на поземанта железница.
Хасан беше уапсен во саботата во пристаништето Довер, на брегот на Ламанш, додека се движел кон бродскиот терминал за испловување кон Франција.
Во врска со нападот во метрото, полицијата досега уапси шест лица, но вчера го ослободи 21-годишен Сириец, кој беше приведен во саботата пред еден ресторан за брза храна во Лондон, без против него да покрене какво и да било обвинение.
Засега во притвор остануваат уште четири лица - тројцата осомничени кои беа лишени од слобода на почетокот на неделава во велшкиот град Њупорт, како и еден 17-години, кој беше приведен вчера во јужниот дел на Лондон. Против овие четворица досега не е покренато никакво обвинение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...