Случајот Скрипал ја подели светската јавност

Во изјавата на британската премиерка Тереза Меј за наводната улога на Москва во труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка недостасуваат сериозни докази, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лу Канг.



- Се надеваме дека дотичната страна ќе се потпре на реални факти врз основа на кои ќе се дискутира за ова прашање и како тоа ќе се решава, рече Лу.
Според него, Кина внимателно го следи случајот Скрипал.
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон претходно денеска изјави дека е охрабрен со „волјата на пријателите“ да покажат поддршка и солидарност по труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипал.

Британската премиерка Тереза Меј  вчера во британскиот Парламент изјави дека е „многу веројатно“ дека Русија е одговорна за труењето со нервен агенс на Скрипал и неговата ќерка. Меј нагласи дека Британија во врска со тој случај е подготвена да преземе далеку посериозни мерки кон Русија отколку порано.

- Голема е веројатноста дека Русија е вмешана во труењето на Скрипал бидејќи е утврдено дека супстанцата е од Русија, нагласи Меј.
Русија потоа оцени дека изјавата на Меј е политички мотивирана и се базира на провокација.

- Тоа е циркуско шоу во британскиот Парламент. Заклучокот е очигледен: ова е повторно информативно-политичка кампања базирана на провокација, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис денеска изјави дека Европската унија ќе биде со Велика Британија откако Лондон соопшти дека најверојатно Москва стои зад труењето со нервен агенс на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Англија.

- Многу сме загрижени за ситуацијата како и од неодамнешните резултати од истрагата на Велика Британија, рече Домбровскис.
Американскиот Стејт департмент ито така претходно издаде соопштение, во кое истакна дека САД во целост веруваат во истрагата и проценката на Обединетото Кралство дека најверојатно Русија е одговорна за нападот со нервен гас на Скрипал.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон претходно изјави дека труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија „јасно доаѓа од Русија“ и оти „сигурно ќе предизвика одговор“, но не прецизираше каков.
Тој рече дека не знае дали руската Влада знаела за труењето, но оти отровот не можел да потекне од ниту едно друго место.

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков вчера изјави дека труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал во Велика Британија не е прашање за руската Влада.

- Споменатиот руски државјанин работел за една од специјалните служби на Велика Британија, тоа се случило на територија на Велика Британија и на никаков начин не е прашање за Руската Федерација, односно раководството на Руската Федерација, рече портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.
Песков истакна и дека не слушнал за обвинувањата на британските политичари за можна вмешаност на Русија во овој напад.

Поранешниот резервен полковник на руското воено разузнавање кој бил врбуван за британското разузнавање МИ6, поради што во 2010 година е осуден за предавство, Сергеј Скрипал и неговата 33-годишна ќерка Јулија од минатата недела се во болница во критична состојба, откако се пронајдени без свест на клупа во градот Солсбери, на југот од Англија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...