Британскиот Врховен суд ќе одлучува за суспензијата на Парламентот

Лондон, 23 септември 2019 (МИА) – Британскиот Врховен суд денеска ќе одлучува за тоа дали одлуката на премиерот Борис Џонсон за суспензија на Парламентот е незаконска.Таква одлука може да значи порано свикување на Парламентот што ќе им даде време на пратениците да ги опструираат плановите на Џонсон за брегзит.

На 28 август, Џонсон ја советуваше кралицата Елизабета Втора да ја суспендира работата на Парламентот, што неговите противници го оценија како потег со кој би се спречило да биде блокирана неговата намера да ја изнесе земјата од ЕУ на 31 октомври, со или без договор.

Сепак, Џонсон рече дека целта на суспензијата е да му се даде време да донесе нова законодавна агенда за Брегзит.

Врховниот суд одржа тридневно сослушување за случајот минатата недела. Според британски медиуми, Парламентот најверојатно ќе биде суспендиран до 14 октомври како што е планирано, иако мнозинство пратеници се одлучни да запрат т.н. брегзит без договор тврдејќи дека тоа ќе нанесе голема економска штета за државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...