Турција се повлече од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа

Турција денеска се повлече од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа (ЦФЕ).



„Донесена е одлука од 8 април 2024 година да се прекине примената на Договорот меѓу Република Турција и другите држави потписнички , согласно член 3 од Претседателскиот декрет бр. 9“, се наведува во Службениот весник на земјата, јавија турските медиуми.

Договорот беше потпишан на 19 ноември 1990 година во Париз од 22 земји. Договорот беше склучен во текот на последните години од Студената војна, со цел да се намали постоечкото конвенционално офанзивно вооружување што го поседуваат земјите-членки на НАТО и поранешните земји од Варшавскиот пакт, како и можноста за ненадеен вооружен напад и започнување на големи офанзивни операции во Европа.

Полскиот претседател Анджеј Дуда минатата недела го потпиша Законот за суспензија на Договорот за конвенционалните вооружени сили во Европа.

„Суспендирањето на овој акт ќе значи дека Република Полска, како и другите земји кои ќе одлучат да го сторат тоа, иако формално остануваат потписнички на овој договор, нема да бидат обврзани да ги спроведуваат неговите одредби“, се наведува во соопштението на кабинетот на Дуда.

Во ноември минатата година, Русија официјално се повлече од големиот пакт за контрола на оружјето од времето на Студената војна со воениот блок на НАТО, велејќи дека „застарениот договор е мртов со години и целосно го изгубил контактот со реалноста во современиот свет“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...