Медведев прв пат зборува за грешките на Путин

Лондон, 11 септември (МИА) - Рускиот претседател Дмитриј Медведев прв пат јавно го критикуваше времето кога неговиот претходник, Владимир Путин беше во Кремљ, зборувајќи за „грешките што тогаш се сторени“, пишува „Дејли телеграф“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот наведува дека Медведев ги изненадил Русите со признанието за тоа дека вистинските човекови слободи во земјата се ограничени.

Во авторски текст, објавен на една „либерална интернет страница“, актуелниот руски претседател зборува и за тешката состојба во која се наоѓа руската економија.

Според Медведев, зависноста на земјата од извозот на нафтата и гасот е „понижувачка работа“ за држава каква што е Русија, признавајќи дека глобалната криза ги открила сите структурни проблеми на сериозно разнишаното руско стопанство.

Лондонскиот весник оценува дека во својот напис претседателот Медведев со необично остри зборови се осврнува и на многу социјални политички проблеми со кои се соочува денешна Русија.

Овој напис е еден од досега „најхрабрите обиди“ на претседателот Дмитриј Медведев да одговори на критиките, главно од странство, дека во основа, тој е само „политички пион“ на премиерот Владимир Путин, кој ја има вистинската власт и моќ во земјата, заклучува „Дејли телеграф“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...