Во Чешка почнува вакцинирањето против новиот грип

Прага, 23 ноември (МИА) - Од денеска во Чешка почнува вакцинацијата против грипот од типот А(Х1Н1), јави дописникот на МИА од Прага.

Првата пратка од 95.000 вакцини кои минатата недела пристигнаа од Холандија според препораките на чешкото Министерството за здравство ќе бидат наменети првенствено за хронично болните лица и медицинскиот персонал. Ќе се вакцинираат само возрасните бидејќи се чека на резултатите од тестовите за употреба на вакцината против новиот грип кај децата, најавија надлежните.

Министерството за здравство денеска на својата веб страница треба да објави во кои случаи при вакцинирањето ќе преземе одговорност за несаканите последици.

Токму последиците од вакцинирањето против новиот грип според истражувањето на агенцијата Aspectio е една од причините зошто поголемиот дел од Чесите не сакаат да се вакцинираат против грипот од типот А(Х1Н1).

Според официјалните податоци во Чешка има над 600 регистрирани случаи на заболени од новиот грип, а епидемија е прогласена во три региони.

Неколку училишта се затворени, а во повеќе болници низ државата се забрануваат посети на пациентите.

Од последиците на новиот грип досега починаа четири лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...