Тимошенко е мојата најголема грешка

Киев, 16 февруари (МИА) - Украинскиот претседател во заминување Виктор Јушченко денеска изјави дека неговата најголема грешка за петте години на местото шеф на државата е актуелната премиерка Јулија Тимошенко.

- Ако треба да зборувам за најголемата грешка во овие пет години, тогаш ќе ја кажам. Денес на тоа имам морално право. Најголема моја грешка за петте години е Тимошенко, истакна на прес-конференција украинскиот претседател.

Јушченко додаде дека „претседателската фотелја“ ја напушта како среќен човек и не се срами поради своите постапки, како и дека не планира да се сретне со Јанукович на неговата инаугурација на 25 февруари, туку по неа.

- Очевидно е дека е потребно да се разменат мислења за работите кои ми се важни, нагласи Јушченко.

Одговарајќи на прашањето дали е подготвен да биде премиер или гувернер на Националната банка по повлекувањето од претседателското место, тој истакна дека е „отворен за тие работи“, но дека може и без овие функции.

Јушченко на местото претседател стапи на 23 јануари 2005 година, по уличните протести на кои тој и Тимошенко го примораа повлекувањето од изборната трка на тогашниот премиер, а сега избран шеф на државата Виктор Јанукович.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...