Оспорени резултатите од претседателските избори

Киев, 17 февруари (МИА) - Врховниот административен суд на Украина (ВАС) почна да разгледува жалба од кандидатката за претседател Јулија Тимошенко во која се оспорени резултатите од вториот круг на претседателските избори што се одржаа на 7 февруари.

Во врска со жалбата на Тимошенко, Судот објави дека времено е укинато влегувањето на сила на одлуката на украинската Централна изборна комисија со која Виктор Јанукович е прогласен за победник на изборите.

Стапувањето во сила на одлуката на ЦИК е суспендирано додека Судот не се произнесе за жалбата на Тимошенко.

Тимошенко отиде вчера лично во ВАС, за да поднесе жалба. Жалбата е придружена од девет тома со докази за фалсификати, вклучувајќи и фото и видео материјали, изјави таа.

 Украинскиот премиер планира да повика како сведоци меѓународни набљудувачи, вклучувајќи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Врховниот административен суд има рок од два дена, за да се произнесе по жалбата на Јулија Тимошенко, која беше победена на претседателските избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...