Сообраќајка крај Виена - шест загинати и 33 тешко повредени

Виена, 22 февруари (МИА) - Шест лица загинаа, а 33 се повредени ноќеска околу полноќ во сообраќајна несреќа што се случи на автопат близу местото Баден, на 50 километри од австрискиот главен град Виена.
До несреќата дошло кога автобус со германски регистарски таблички, што патувал од Косово кон Германија, од засега непознати причини, удрил во товарен камион, кој пак потоа удрил во друг камион.
Двата камиона, кои се движеле еден зад друг, биле со словачки и романски регистарски таблички.
Четворица од загинатите биле патници во автобусот, во кој имало 42 лица, додека останатите две жртви патувале со камионите.
Како што соопшти австриската служба за брза помош, 16 лица се потешко повредени, додека уште 17 минале со полесни повреди.
Првично како можна причина за несреќата се наведуваше голомразицата на коловозот, но како што јавуваат утрово австриските медиуми, до инцидентот најверојатно дошло поради премореност на возачот, бидејќи во тоа време автопатот бил сув.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...