Киргистан се подготвува да прими руски војници

Бишкек, 14 јуни 2010 (МИА) - На властите во киргистанскиот град Ош зафатен со немирите им било наложено да се подготват за пристигнувањето на руски војници, јавија медиумите во Бишкек. На веста претходеше соопштение дека рускиот претседател Дмитриј Медведев размислува да достави воена помош на Киргистан, кој не може да се справи со нередите.

За време на викендот Медведев отфрли слично барање од Бишкек.

Меѓуетничкото насилство во Ош меѓу Киргистанците и етничките Узбеци утринава беше запрено, но се соопштува за судири меѓу претставниците на двете заедници во Џалалабад.

Во Киргистан се наоѓаат руски и американски војници. Се тврди дека властите не се обратиле за помош кон САД.

Русија вчера распореди стотици војници дополнително во воената база во Кант, каде се приземјија три воени авиони со баталјон руски десантни единици. Тие, меѓутоа, биле задолжени само со задачата да ја гарантираат безбедноста на базата.

Узбекистанското малцинство тврди дека над 500 лица се убиени во судирите, додека според официјалните податоци бројот е 117 лица. Извори од Црвениот крст соопштија дека многу тела биле погребани без да бидат идентификувани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...