Белорусија одби да го екстрадира Бакиев

Минск, 15 јуни 2010 (МИА) - Главното обвинителство на Белорусија денеска го одби барањето на Бишкек за екстрадирање на соборениот киргистански претседател Курманбек Бакиев, изјави официјалниот претставник на Обвинителството, Пјотр Кисељов.

- Барањето на киргистанската страна за екстрадирање на Бакиев не е прифатено, истакна Кисељов, одбивајќи да ги објасни причините за донесување на таквата одлука.

По масовните протести во Киргистан на 6 и 7 април, на власт дојде опозицијата и формира привремена влада. Бакиев на 15 април потпиша изјава за повлекување, по што кратко престојуваше во Казахстан, а сега се наоѓа во Белорусија.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко на 20 април изјави дека Бакиев и неговото семејство се наоѓаат во Минск под негова и заштита на државата.

- Како човек и како претседател имам право да донесам таква одлука, истакна Лукашенко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...