Уште една жртва на напаѓачот од Братислава кој вчера застрела шест лица

Прага, 31 август 2010 (МИА) - Во вчерашниот масакр кој се случи во Братислава, при кој еден 50-годишен маж со автоматска пушка застрела шест лица и рани други 14 луѓе, по што се самоуби, загина уште една жена која е најдена подоцна, пренесоа чешките медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, се претпоставува дека 52-годишната жена е случајна жртва на „разулавениот стрелец“, која излегла на балкон каде ја погодил куршум и откако влегла во станот била пронајдена мртва од нејзиниот сопруг.

Полицијата соопшти дека шесте лица, четири жени и двајца мажи, за кои се претпоставува дека се членови на едно семејство, биле убиени во еден стан, додека повредените биле случајни минувачи на улица, кои сторителот ги ранил пред да биде опколен од полицијата, по што и извршил самоубиство.

Не соопштувајќи го идентитетот ниту мотивите на сторителот, братиславската полиција единствено потврди дека злосторството го извршило едно лице на околу 50-годишна возраст.

Според словачките медиуми, сторителот е поранешен војник, сосед на убиените со кој имал нерасчистени односи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...