Средба на лидерите на Франција, Германија и Русија

Довил, 19 октомври 2010 (МИА) - Лидерите на Франција, Германија и Русија се сретнаа синоќа во францускиот град Довил со цел да се обидат да ги зацврстат добрите односи и да најдат заедничко мислење во врска со проектот на НАТО за противракетен штит, кој Москва го смета за закана.

Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Франција Никола Саркози и на Русија Дмитриј Медведев синоќа имаа заедничка вечера во француското туристичко место Довил, а нивните тристрани разговори продолжуваат денеска.

Германија и Франција го отворија патот за заострени санкции против членките на ЕУ кои прават преголеми долгови, јави Дојче веле на македонски јазик.

Меркел и Саркози за време на нивната средба, на барање на Германија, постигнаа компромис сепак да нема автоматски санкции за земјите со преголем државен дефицит. Конечната одлука околу казнените мерки треба да ја донесе Советот на ЕУ. 

Безбедноста е најголемиот проблем во односите меѓу Русија и Западот. Ова ќе биде централна тема во разговорите меѓу тројцата лидери.

- Довербата е многу важна, Студената војна заврши, Варшавскиот договор го нема. Русија е наш пријател и ние сакаме да бидеме нејзини пријатели. Сега опасностите и заканите се еднакви и за Франција, и за Германија и за Русија, изјави Саркози пред вечерата.

Русија ќе се обиде да ја искористи средбата во Довил за да ја зголеми својата улога во сферата на европската безбедност и надворешната политика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...