Ослободен Џулијан Асанж

Лондон, 16 декември 2010 (МИА) - Основачот на интернет-страницата Викиликс, Џулијан  Асанж вечерва е ослободен со кауција од 240.000 фунти.

Асанж по девет дена поминати во лондонски затвор не одговори на новинарските прашања за идните планови.

Тој наведе дека ќе продолжи да се бори за да ја докаже својата невиност по обвиненијата од Шведска за силување и за сексуално насилство на две жени.

Вишиот суд во Лондон претходно ја потврди ослободителната пресуда што во вторникот ја донесе општинскиот суд Вестминстер за ослободување на Асанж со кауција.

Во расправата судијата на Вишиот суд не ја прифати жалбата на Британското обвинителство, кое како застапник на шведските правосудни власти, бараше основачот на Викиликс да остане во притвор се додека не биде завршен процесот околу неговата екстрадиција во Шведска.

Адвокатите на Асанж  тврдат дека Швеѓаните само ќе го префрлат на Американците за да му судат за откривање на нивните тајни и за да го казнат за дискредитирањето што му го направи на САД.

Шведските власти на неколкупати категорично демантираа дека Асанж се обвинува за Викиликс, инсистирајќи дека станува збор за криминален случај со силни докази и сведоци кои ја потврдуваат неговата вина.

Случајот околу екстрадицијата ќе се развлече следните месеци и предвидено е да се продолжи во февруари.

Асанж и неговите адвокати ќе мора да докажат дека станува збор за политичко, а не за кривично гонење на основачот на Викиликс за да судот за екстрадиција не дозволи тој да им биде предаден на шведските власти.

Во Лондон неговите приврзаници меѓу оние кои важат за заштитници на човековите слободи и кои се јавија како гаранти за неговото ослободување со кауција, вршат силен притисок врз јавноста во земјата, за да прикажат дека Асанж е „жртва на политички монтиран случај“, во кој зад Швеѓаните стои „една голема сила“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...