Брисел ја тужи Љубљана

Љубљана, 18 февруари 2011 (МИА) - Европската комисија одлучи да покрене тужба против Словенија пред Судот на Европската унија, бидејќи словенечките закони за здравствено осигурување не се усогласени со правниот поредок на Унијата.

ЕК нагласува дека  Љубљана го ограничува изборот на своите потрошувачи и го оневозможува работењето на странските здравствените осигурителни компании.

- На странските здравствени осигурителни компании во Словенија им се ограничуваат можностите за основање и нудење услуги, соопшти ЕК.

Во соопштението се наведува дека европското законодавство во оваа област го поттикнува слободното обезбедување на услугите на осигурителните компании во цела ЕУ и тоа со цел да се зајакне конкуренцијата и да се подобри заштитата на потрошувачите.

И покрај законодаството на ЕУ, Словенија има одредби во законот за здравствена заштита и здравственото осигурување, со кои ги крши европските правила, но и основните слободи запишани во повелбата на ЕУ, додава ЕК.

Комисијата во септември минатата година и упати втора опомена на Словенија поради тоа што словенечкото законодавство од областа на здравственото осигурување не е усогласено со правниот поредок на ЕУ, а бидејќи земјата се уште не го променила законодавството и не ги извршила потребните усогласувања против неа е покрената тужба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...