Почеток на крајот на најдолгата американска војна

Танјуг - Белград

Командантот на силите на САД во Авганистан, генералот Дејвид Петреус не го поддржа планот на Обама. - Администрацијата наjavi дека сега акцент ќе се стави на целни операции, како таа во која беше убиен Осама бин Ладен

Почетокот на крајот на најдолгата војна во американската историја, претседателот Барак Обама го објави во време кога тој воен ангажман кој трае речиси цела деценија, нагло станува непопуларен и предизвикува поделби.

Намалувањето на бројот на американските трупи во Авганистан, 33.000 до септември 2012 година, е многу пообемно и побрзо од што го советуваа Барак Обама воените команданти и претставува конечно отфрлање на ставот дека масовната употреба на жива воена сила ќе го скрши отпорот на талибанците. Како што пренесуваат американските медиуми, командантот на силите на САД во Авганистан, генералот Дејвид Петреус, не го поддржа планот на Обама, додека министерот за одбрана Роберт Гејтс и државната секретарка Хилари Клинтон неволно го прифатија.

Наводно, воениот врв пред се, се залага почетното намалување да биде од три до пет илјади, наместо 10.000 до крајот на оваа година, како и повлекувањето во 2012 година да се продолжи за два месеца, додека не заврши сезоната на борбите. Конечната одлука на Обама, претставува пораз за Петреус кој и така заминува од местото шеф на ЦИА, а победата за потпретседателот Џозеф Бајден, кој подолго време се залагаше за што поголемо намалување на американскиот воен ангажман во Авганистан.

Брзината и обемот на тоа повлекување сепак бодат очи, бидејќи практично претставуваат промена на стратегијата која Обама ја усвои пред година и пол, кога одлучи да испрати засилување.

Од неговата администрација наговестуваат дека сега поголем акцент ќе се стави на целни операции, како таа во која беше убиен лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Во Авганистан и по септември 2012 година ќе останат околу 68.000 војници, што е дупло од бројката која ја наследи Обама во Авганистан кога положи заклетва како претседател, во јануари 2009 година, кога имаше 34.400 војници.

Официјални претставници сега укажуваат дека Ал Каеда сега е обезглавена и немоќна во тој регион, посебно бидејќи од 30 главни водачи на таа терористичка мрежа, во последната година биле убиени 20 од нив.

Повлекувањето, какво што го најави Обама, сепак го менува начинот на кој САД ја водат војната. Аналитичарите сметаат дека администрацијата заклучи дека не може повеќе да ги оствари своите амбиции во таа војна која трае 10 години, во која покрај победата над Ал Каеда и спречувањето на талибанците, спаѓа и помошта на Авганистанците да ја преземат одговорноста за својата безбедност, да основаат функционална влада и да покренат изградба на нацијата.

Одлуката на Обама е одраз и на променетиот домашен политички пејзаж, во кој САД се мачат да го заживеат стопанството и да ги закрпат дупките во буџетот и тоа во време кога се приближуваат избори во ноември 2012 година.

Американската јавност се повеќе и поотворено е против војната, за која покрај заморот од неа која трае 10 години, секако придонесе и успешната акција за ликвидирање на Бин Ладен, американски непријател број еден, чие присуство во регионот беше оправдание за сите воени ангажмани.

Сега барањата за намалување на скапите воени ангажмани далеку од американските граници, не само во Авганистан, стануваат се погласни и во самиот Конгрес, а како што изгледа моментално барањата се исти без оглед на партиската припадност.

Трошоците за војната во Авганистан до сега беа 440 милијарди долари, а според оценките за оваа година ќе достигнат 118 милијарди долари. Поради тоа и во Конгресот почна да се поставува прашањето: Ако 10 години не се доволни, колку години ќе бидат доволни?

Одговорот кој се наметна беше: Време е да ја градиме Америка, наместо да го градиме Авганистан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...