САД ги поттикнаа протестите во Русија поради изборите

Москва, 8 декември 2011 (МИА) - Рускиот премиер Владимир Путин ги обвини денеска САД за поттикнување на протестите поради парламентарните избори во Русија, истакнувајќи дека стотина милиони долари странски средства се употребени за да се влијае на гласањето.

Во својот прв јавен коментар за протестите, чии учесници тврдат дека изборите одржани во неделата биле нечесни, Путин истакна дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон им „дала сигнал“ на противниците на Кремљ.

- Таа ги поттурна некои опозициски активисти, им даде сигнал, кои тие го слушнаа и започнаа активно да дејствуваат, нагласи рускиот премиер.

Тој, покрај тоа, додаде дека некои учесници во протестите имаат себични политички цели, како и дека мнозинството Руси не сакаат политички промени.

САД изразија сериозна загриженост поради начинот на кој се одржани изборите во Русија, на кои мнозинството го освои владејачката „Единствена Русија“, а Клинтон оцени дека изборите за Државната Дума не биле слободни и фер.

Руското Министерство за надворешни работи веднаш потоа соопшти дека изјавите на Хилари Клинтон за изборите во Русија, како и слични коментари на Белата куќа и Стејт департментот, се неприфатливи и дека само граѓаните на Русија имаат право да одлучуваат за судбината на својата земја, независно од пристрасните и политизирани проценки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...