Претседателот на Германија без имунитет

Берлин, 17 март 2012 (МИА) - Хановерското обвинителство доцна синоќа соопшти дека од германскиот парламент побарало да го ослободи од имунитет претседателот Кристијан Вулф, соопштија агенциите.

Oва е прв чекор кон почнување официјална истрага, што може да доведе до обвинение за корупција, пренесоа германските медиуми.

Доколку Бундестагот одлучи да дозволи продолжување на истрагата, Вулф може да биде првиот германски претседател против кого е почната истрага.

Од средината на декември германскиот претседател е во центарот на скандалот заради неговите врски со богати бизнисмени. Тој беше критикуван дека кога бил премиер на Долна Саксонија од сопругата на свој пријател земал голем заем под многу поволни услови, додека како прв човек на провинцијата, во 2007 година, искористил бесплатен одмор, обезбеден од бизнисмен.

Тој беше обвинет и за обид да изврши притисок врз главен уредник за да сокрие непријатната информација дека земал заем под поволни услови.

Вулф веќе се извини затоа што пред време не кажал за заемот што го земал за да си купи стан и ги отфрли повиците за поднесување оставка. Исто така, тој тврдеше дека самиот си платил за тридневниот престој во едно германско летувалиште, за кој се тврди дека му бил обезбеден од бизнисмен.

Обвинителството соопшти дека има „сомневања“ дека Вулф може да ја искористил својата службена положба - престап што се казнува со три години затвор.

Во Германија претседателот има ограничени овластувања, но деветмината повоени претходници на Вулф успаеја да се наметнат како популарни лидери, како олицетворение на националната свест, забележуваат западните агенции.

Аналитичарите сметаат дека Вулф, кој е конзервативец, се претвори во проблем за христијандемократите на канцеларот Ангела Меркел, кои и без тоа се исправени пред тешката задача да ја зачуваат контролата во две провинции, каде оваа година претстојат избори, забележаа агенциите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...