Германскиот претседател поднесе оставка

Берлин, 17 февруари 2012 (МИА) - Германскиот претседател Кристијан Вулф поднесе оставка откако државниот обвинител побара Парламентот да му го одземе имунитетот поради наводите за корупција.

- Во последните неколку денови и недели се покажа дека германскиот народ им верува на обвинувањата и поради тоа мојата ефективност е сериозно доведена во прашање, изјави Вулф.

- Од таа причина за мене веќе не е можно да ја извршувам функцијата Претседател, како дома, така и во странство, на оној начин на кој е потребно, изјави Кристијан Вулф.

Германскиот канцелар Ангела Меркел рече дека преговорите меѓу партиите за пронаоѓање заменик на Вулф набрзо ќе почнат.

- Наскоро ќе почнат разговорите за брзо постигнување договор за нов претседател на државата, рече Меркел, дополнувајќи дека жали за заминувањето на Вулф и воедно му се заблагодари на претседателот во заминување. За него рече дека секогаш бил целосно посветен на работата и човек кој верувал дека „силата на Германија мора целосно да биде искористена“.

Вулф од крајот на минатата година се наоѓа под обвинение заради нејасни финансиски односи со богатите бизнисмени, спорен, земен, а премолчен полу милионски кредит за купување куќи и други обвиненија кои во главно се однесуваат на периодот додека бил шеф на Владата на Долна Саксонија.

Демохристијанинот Вулф е прв германски претседател роден после Втората светска војна, правник по занимање, до скоро уживаше довербата на Меркел, но вчера државното обвинителство на Хановер поднесе барање да му се одземе имунитетот, за да може против него да се покрене кривична истрага.

Вулф на 30 јуни 2010 година беше избран за германски претседател во третиот круг гласање, што тогаш се сметаше за дебакл за демохристијанско- либералната владина коалиција и удар, опомена и шлаканица за канцеларката Меркел во чии редови бил „бунтовник“ на кој очигледно не сакале да му дадат глас.

Моќниот германски печат  кон крајот на минатата година откри дека претседателот во одговорот на пратениците во Долна Саксонија  го премолчел својот полумилионски кредит.

Од тогаш почнаа маките на Вулф, со тешки напади од опозицијата, неговата несигурни објаснувања и извинувања кои ги даваше, помалку блед во лицето со ветување и отпуштање на најблиските соработници, пренесува Танјуг.

Ова е првпат во историјата на Германија едно државно обвинителство да побара укинување на имунитетот на шефот на државата, а опозицијата најави дека во Бундестагот ќе гласаат да се одземе имунитетот на Вулф.

Вулф во втор брак,  оженет со Бетин, млада жена со тетоважа на рамото и синот од претходната врска, важеше за „блед“ претседател без јасни ставови и изјави за многу важни проблеми кои ја потресуваа и ја потресуваат неговата земја.

Германските медиумите веќе шпекулираат дека новиот германски претседател би можел да биде сегашниот миниситер за одбрана Томас де Мезијер.

Де Мезијер, сериозен Прус, чии организациски способности ги фалеше и самата канцеларка Меркел, демохристијанин по политичко уверување, би можел да биде на чело на 82-милионската, економска водечка германска нација, но освен него се споменува и сегашниот министер за финансии, Волфганг Шојбле.

Тој е најстар член на германската Влада и единствен кој од соединувањето на земјата пред две децении непрекинато се наоѓа на водечки, односно, министерски функции и неговиот збор, велат упатените, многу се цени и почитува.

Меѓу кандидатите за кои денеска се шпекулира е и сегашниот министер за труд, Урсула фон дер Лаје, „германската мајка“ како што некогаш медиумите ја нарекуваат, затоа што самата има седум деца.

Таа, исто така, демохристијанин по политичко уверување и важи за близок соработник на Меркел. Доколку таа би била избрана, со земјата тогаш би владееле две жени- Меркел и Урсул фон дер Лајен.

Меѓу кандидатите се споменува и поранешниот министер за заштита на средината, Клаус Тепфер, исто така, од демохристијаните.

Според германскиот Устав од 1949 година претседателот на државата се избира со мандат од пет години, индиректно во Сојузното собрание, составено од пратениците на Бундестагот (Долниот дом на Парламентот) и ист број претставници на 16 германски покраини, меѓу кои луѓето се од различни биографии од спорт, преку познати јавни личности до уметници и политичари.

Претседателот протоколарно стои на чело на државата, предлага канцелар, именува и разрешува, потпишува закони како последна инстанца и има на некој начин задача на „политички арбитрар“ кој не се исцрпува во дневно- политичките теми и делува надпартиски, па затоа неговиот збор има тежина на ниво на националното.

Сојузниот претседател по Устав, мора да биде Германец со право на глас и тоа постар од 40 години. Тој има право на најмногу два мандати по пет години, нема врховна команда над вооружените сили и протоколарно стои на чело на земјата како уставен орган кој ја претставува државата „дома“ и во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...