Берлин, 20 февруари 2012 (МИА) - Германската Влада и двете главни опозициски партии објавија синоќа дека заедно ќе го предложат Јоахим Гаук (72) за претседател на државата.
Канцеларот Ангела Меркел изјави дека Владата и опозицијата се обединиле за кандидатурата на Гаук кој првично беше предложен од опозициската Социјалдемократска партија и Зелените.
Меркел го објави тоа на прес конференција во Берлин по средба со опозициските партии.
Гаук беше кандидат за претседател од опозицијата пред две години, но тогаш Меркел се спротивстави на кандидатурата и го предложи Кристијан Вулф кој минатата недела поднесе оставка по неколку скандали.