Украина се менува во тоталитарна држава

Прага, 1 мај 2012 (МИА) - Украина е на работ на трансформација во тоталитарна држава, изјави на прес-конференција во чешкиот главен град, Прага, Евхенија Тимошенко, ќерка на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко.

Заблагодарувајќи им се на лидерите на сите земји за бојкотирањето на акциите организирани од режимот на претседателот на Украина, Виктор Јанукович, таа оцени дека животот на нејзината мајка е во опасност, јави дописникот на МИА од чешката метропола.

- Реално, ни недостасува време. Не знам колку долго мојата мајка може да издржи со штрајкот со глад, дали тоа ќе бида пет или десет дена, предупреди Евхенија.

Нејзината мајка во Украина отслужува седумгодишна затворска казна. Според пресудата таа е обвинета за потпишување на Договор за доставување на плин од Русија, за кој договор се тврди дека бил штетен за украинската држава. Западот тврди дека процесот е политички мотивиран, а лидерите на европските земји во последните денови почнаа да ги бојкотираат акциите кои се организиран од Украина.

Јулија Тимошенко одлучи да стапи во штрајк со глад минатиот петок, откако против своја волја беше пренесена во болница, каде требаше да се лечи од болките во грбот кои ја мачат подолго време. Покажувајќи модринки по телото, таа ги обвини затворските чувари дека ја тепале. Украинската обвинителка информираше дека модринките не настанале од тепање.

Евхенија Тимошенко, постапките на украинските органи ги означи како „акти на цинизам и бруталност“.

Правниците на екс премиерката, засега неуспешно се обидуваат да и обезбедат прегледи од украински невролог, кому таа му верува.

Нејзиното семејство се надева дека украинските органи на крајот ќе и овозможат лечење на Тимошенко во болница во Германија.

Чешкиот претседател Вацлав Клаус го откажа учеството на Самитот на претседателите на земјите од Централна и Источна Европа, кој треба во мај да се одржи на Крим, Украина. Настанот ќе го бојкотираат и претседателите на Германија, Австрија и Словенија. Германската канцеларка Ангела Меркел и чешкиот премиер Петр Нечас пак, соопштија дека ќе го бојкотираат Европското фудбалско првенство во Украина.

Бојкотот на фудбалскиот шампионат, според Евхенија Тимошенко „може да биде последна дипломатска опомена" за режимот на укранскиот претседател, за да престанат политичките репресии и да започне почитувањето на човековите права.

- Секако дека е потребно да се оддели спортот од политиката. Но знаеме дека режимот сака овој настан да го искористи за сопствена политичка пропаганда, потенцира ќерката на украинската затвореничка.

Таа смета дека и за Украинците и за луѓето во ЕУ би било многу непријатна вест доколку ги видат европските лидери како седат на трибините со луѓе кои не ги почитуваат правата на своите граѓани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...