Инагурација на новиот француски претседател

Париз, 15 мај 2012 (МИА) - Една недела по победата на претседателските избори, Франсоа Оланд денеска ќе ја преземе претседателската функција од Никола Саркози. Свеченостите на примопредвањето на власта ќе започнат утрово во 10 часот по локално време во Елисејската палата, со што Франсоа Оланд ќе стане 24-от француски претседател од 1848, односно седми во Петтата француска република воспоставена во 1958 година.

Церемонијата за примопредавање на власта започнува во десет часот во Елисејската палата каде Нкола Саркози ќе му ги предаде шифрите на француските нуклеарни сили, по што ќе следува хронометарска програма низ Париз. Најпрво Триумфалната порта, каде Оланд ќе му оддаде почит на незнајниот јунак, традиција која е присутна од 1958 година. Ќе следува потоа оддавањето почит на Жул Фери, министерот кој го воведе задолжителното образование во Франција во Градината Жардан де Туилери, потоа на Мари Кири во институтот Кири.

Со оддавањето на почит на поранешниот министер за образование од третата француска република (1903) и на нобеловката за физика во 1911, новиот шеф на француската држава сака симболично да ги покаже „приоритетите“ на неговиот петгодишен мандат, односно „младите, образованието и почитувањето на лаицизмот. Франсоа Оланд по овие свечености ќе ја има традиционалната средба со градоначалникот на Париз Бертранд Деланое во општинската зграда, по што ќе треба да го назначи својот прв премиер. Според гласините најмногу шанси има Жан-Марк Еро градоначалник на Нант и досегашен шеф на парламентарната група на Социјалистите, а во трката е и Мартин Обри градоначалничка на Лил и прва сектератка на СП и Мануел Валс.

Новата влада ќе треба да биде соопштена во среда. Така се споменува името на Мишел Сапан за економија, Пјер Московиси или Лоран Фабиус за надворешни работи, Маризол Турен за социјални работи, но ова се шпекулации во печатот, бидејќи Оланд остана воздржан по овие прашања за да не ги дестабилизира своите најблиски соработници, но тој вети паритет во владата меѓу мажите и жените.

Доцна попладнето Франсоа Оланд заминува за Берлин каде ќе треба да се сретне со Ангела Меркел на работна вечера и првата конференција за печатот, работна средба посветена на пактот за буџетска стабилност, кој Оланд сака да биде изменет, односно со додавање на поглавје посветено на економскиот развој. По поразот на германските демо-христијани од (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел во Северна Ренанијам Вестфалија, каде што тие изгубија девет поени од гласовите во споредба со 2010, Франсоа Холанд се наоѓа во поповолна ситуација.

Меркел не ќе може да ги игнорира неговите залагања за ставање на економскиот развој во прв план, како и барањата за ревизија на пактот за финансиска стабилност. Иако Словенија, Грција и Португалија веќе го ратификуваа пактот за буџетска стабилност, сепак залагањето за економски развој треба да остане на дневниот ред на Европејците. Се работи да се зголеми ударната моќ на европската банка за инвестиции, како и воведување на заеднички обврзници наменети за финансирање на инфраструктурни проекти или пренамена на европските фондови за најсиромашните региони.

Идејата е да се стимулира инвестирањето преку европските инструменти, бидејќи земјите членки немаат средства за да ја финансираат политиката на економско релансирање. со исклучок на Германија, која тоа го одбива. Оланд исто како и германските социјал-демократи се залага за создавање на евро-обврзници и за заедничко пресметување на европскиот долг. Како и давање на статут на банкарска установа на Фондот за помош, со цел тој да ги користи неограничените средства на ЕЦБ.

Со Меркел, Оланд ќе разговара за грчката криза и подготовката на европскиот самит од 23 мај. Во петок 18 мај Оланд заминува во посета на САД, каде ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама, средба на која ќе се разговара за Авганистан, од каде Оланд сака да ги повлече француските трупи пред крајот на годината. По што тој ќе земе учество на двата самити, најпрво тој на Г-8 во Кемп Дејвид, на кој ќе се разговара за Сирија, Иран, Северна Кореја и Бирманија. Со оглед дека нема дипломатско искуство, сигурно дека секој гест на Оланд ќе биде гледан под лупа. И во недела се разбира е учеството на самитот на НАТО во Чикаго.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...