Оланд прогласен за претседател на Франција

Париз, 15 мај 2012 (МИА) - Претседателот на Уставниот совет на Франција, Жан-Луи Дебре официјално го прогласи Франсоа Оланд за претседател на Француската Република, јавува дописникот на МИА од Париз.

Дебре потсетувајќи на изборните резултати од 6 мај 2012 го прогласи Оланд за претседател на Француската Република, седми по ред во петта република од 1958 и дваесет и четврти од 1848, нагласувајќи дека тој сега ја претставува Франција и францускиот народ.

Никола Саркози по скоро четириесет минутниот разговор с новоизбраниот претседател Франсоа Оланд, придружувани од нивните животни придружнички Карла Бруни и Валери Трајрвалер ја напушти Елисејската палата.

Во Елисејската палата на Оланд му беше врачено одликувањето на Мајстор на легијата на честа

Оланд точно во десет часот пристигна во Елисејската палата каде беше пречекан од Саркози за примопредвањето на претседателската функција.

Доаѓањето на Оланд во Елисејската палата беше проследено од мотоцикли на кои беа поставени мобилни телевизиски и радио екипи и фоторепортери.

Автомобилот на претседателот Оланд, на празните улици што е новина, застануваше на црвените светла.

Свечената церемонија на примопредавањето на власта беше директно пренесувана на француските телевизиски и радио канали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...