Зошто Оланд оди прво во Берлин

Брисел, 15 мај 2012 (МИА) – Европската комисија нема одговор на прашањето зошто новиот француски претседател Франсоа Оланд, по денешната инаугурација во Париз, веднаш заминува во посета на Берлин, а не на Брисел, како престолнина на Европската унија и седиште на сите поголеми европски институции, пренесува дописникот на МИА од Брисел.

На денешниот редовен прес-брифинг во Комисијата, ова прашање беше поставено со оглед на веќе стекнатата пракса новите челници на француската држава прво да заминуваат во Берлин, а потоа да доаѓаат во Брисел, со оглед на тоа што и при инаугурацијата на Никола Саркози, тој исто така најпрво ја посети германската престолнина.

- Ова е точна констатација, но не знаеме, ниту мислиме дека има некаква позадина. Кога Саркози стана претседател, тој по посетата на Берлин веднаш дојде во Брисел, додека Оланд нема потреба да доаѓа тука, со оглед на тоа што со претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, за два дена ќе се сретне на Самитот во Камп Дејвид во САД, а и викендов ќе имаат средби за време на Самитот на НАТО во Чикаго – констатираа од прес-службата на Европската комисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...