Расправа за безвизниот режим во Луксембург

Луксембург, 25 октомври 2012 (МИА) - Министерскиот совет за правда и внатрешни работи на ЕУ, на денешниот состанок во Луксембург ќе расправа за бранот на азиланти од земјите од Западен Балкан, по барање на неколку земји членки на ЕУ, меѓу кои Франција и Германија, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

„Големиот број на мигранти со потекло од балканските земји ја злоупотребуваат постоечката процедура и се пријавуваат како баратели на азил. Оваа карактеризирана злоупотреба доведе до загушување на прифатните центри за азилантите“, се вели во Париз и „поради овие причини француските власти, преку својот министер за внатрешни работи, исто како и другите земји погодени од овој феномен (Германија, Белгија, Луксембург, Австрија и Холандија), одлучија да се обратат и да ја известат Европската комисија и претседателството на Советот на ЕУ (со писмото од 4 октомври 2012) со барање да се отвори расправа по ова прашање на Министерскиот состанок во Луксембург“, се наведува во изјавата за медиумите од Кеј д’Орсеј.

Само во Германија, од земјите од Источна Европа во текот на 2012 година пристигнале околу 6.000 баратели на азил, меѓу кои многу државјани на Србија и Македонија, а кои биле  побројни од барателите од Авганистан, Ирак и Сирија.

На состанокот се очекува германскиот министер за внатрешни работи да даде конкретни предлози за да се обесхрабрат барателите на азил од земјите од Западен Балкан.

Во мерките кои се предложени, се намалување на финансиската помош и побрзо разгледување на барањата. Швајцарија откако започна да ги разгледува барањата за азил за само 48 часови, бројот на азилантите се намали драстично.

На состанокот во Луксембург, мешовитиот комитет на Министерскиот совет за правда и внатрешни работи денеска во Луксембург ќе треба да го разгледа и третиот извештај на ЕК за следењето на визната либерализација за земјите од Западен Балкан.

Во изевештајот, Европската комисија истакнува дека механизмот за следење на визната либерализација за земјите од Западен Балкан продолжува да функционира добро. Притоа, Комисијата оценува дека визната либерализација ги носи очекуваните плодови и дека земјите од регионот прават напори за спречување на лажните азиланти.

Во заклучоците на извештајот стои дека во „најголемиот број од случаите, патниците со потекло од земјите од Западен Балкан се искрени“, односно не го злоупотребуваат безвизниот режим.  

Комисијата е на мислење дека првата цел на безвизниот режим е постигната. Во однос на олеснувањето на контактите меѓу луѓето, подобрувањето на трговската размена, охрабрување на културната размена и давањето на граѓаните од регионот можност подобро да ја запознаат ЕУ.

Понатаму се нагласува дека земјите од Балканот продолжуваат со реформите предвидени со „патниот налог“, визната либерализација, а останува позитивен и степенот на спроведувањето на билатералните договори за реадмисија.

Околу експлозијата на злоупотребата на визната либерализација, Комисијата забележува дека бројот на азилантите варира сезонски и дека слабиот степен на интеграција на ромската заедница, останува важен фактор за мотивација за барателите на азил од оваа група на население. Големиот број на барања за азил во одредени земји на ЕУ, според Комисијата се должи и на финансиските предности кои тие им ги даваат на азилантите.

Земјите од Балканот, се вели во извештајот, бараат решенија за актуелните проблеми на Ромите, од кои некои носат плодови.

Во делот на иазвештајот за Македонија се наведува дека постои акциониот план за вклучување во општеството на Ромите и бегалците Роми, отворањето на центри за информации, пристапот кон образованието со давање на стипендии итн.

Комисијата, општо, советува засилување на информативните кампањи, како и поголема контрола на границите како при влезот во ЕУ, така и при излезот од земјите со безвизен режим. И на крајот засилување на помошта за малцинското население, посебно за ромската заедница во овие земји, во рамките на инструмените од програмите за предчленство.

Советот и Европскиот парламент, во моментов, се уште водат преговори околу измените на механизмите за безвизниот режим. Тие се очекува да бидат усвоени на почетокот од идната година, што ќе дозволи, во одредени ситуации времено враќање на визите за државјаните на земјите за кои има безвизен режим, но и реципроцитет во визите ако некоја земја воведе визи за граѓаните на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...