Денес устоличување на новиот папа

Рим, 19 март 2013 (МИА) - Во Ватикан денеска ќе се одржи церемонија на устоличување на 266-от поглавар на Римокатоличката црква, папата Франциск, на која ќе присуствуваат бројни црковни и државни делегации.

Лидерот на 1,2 милијарди католици, првиот папа језуит, ќе биде свечено устоличен на Плоштадот Свети Петар, а градските власти очекуваат дека настанот ќе го следат речиси милион луѓе.

На инаугурацијата на папата Франциск, наследникот на Бенедикт Шеснаесетти, кој го напушти понтификатот последниот ден од февруари, ќе присуствуваат претставници на 180 држави меѓу кои потпретседателот на САД Џозеф Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд, претседателката на Бразил Дилма Русеф, претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј, претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо и многу други.

Првпат по речиси илјада години на инаугурацијата ќе присуствува и вселенскиот патријарх Вартоломеј, како и претставници на речиси сите православни цркви.

Во Ватикан се очекува пристигнување и на претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе, кој има забрана за влез во ЕУ, но не и во суверената држава Ватикан. Мугабе, кој е католик по вероисповед, и претходно го посетуваше Ватикан, а последен пат беше во 2011 година, при беатификацијата на покојниот папа Јован Павле Втори.

Од регионот, на церемонијата, како што е најавено ќе присуствуваат претседателите на Словенија, Борут Пахор, на Србија Томислав Николиќ, на Хрватска Иво Јосиповиќ.

Најавено е и доаѓање на британскиот престолонаследник принцот Чарлс, на шпанската кралица Софија, како и на белгискиот крал Алберт Втори и кралицата Паола.

Бенедикт Шеснаесетти веројатно нема да присуствува на церемонијата. Се очекува досегашниот и новиот папа да имаат приватна средба на 23 март.

Службата на плоштадот „Свети Петар“ ќе започне во 9.30 часот по локално време (8.30 часот по Гринич) и ќе трае околу два часа. Пред почнување на службата, Франциск со автомобил ќе го обиколи плоштадот за да ги поздрави верниците.

Папата Франциск е роден во Буенос Аирес во шестчлено семејство на иселеници од Италија. Како кардинал на Буенос Аирес Хорхе Марио Бергољо имено, имаше многу често затегнат однос со претседателката Кристина Кирхнер главно поради геј браковите и законот за абортус.

Папата Франциск, од кого многу се очекува, бидејќи на местото лидер на католиците доаѓа во време кога Црквата ја потресуваат различни скандали, - од сексуални злоупотреби на свештеници до „Ватиликс“, односно истекување доверливи информации од Ватикан - во светот е дочекан како скромен човек кој ќе се залага за сиромашните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...