Која беше Маргарет Тачер

Лондон, 8 април 2013 (МИА) – Mаргарет Хилда Робертс е родена на 13 октомври 1925 година во Грантам, и е втора ќерка на Алфред и Беатрис Робертс.

Високо образование завршува во Самерсвил Колеџ, Оксфорд во периодот 1944-1950 каде студира хемија. Работела како хемичар истражувач во Бритиш Ксајлонит. Член е на тимот што произвел прв сладолед во прав.

Во 1951 година се мажи за бизнисменот Денис Тачер. Во 1953 година станува мајка на близнаците Керол и Марк. Истата година специјализира даночно право и успева да положи испити за адвокат. Политичката кариера и почнува во 1950 година кога се обидува да влезе во парламентот како кандидат на Конзервативната партија во кругот Дартфорд. Успева да добие 36 отсто гласови, но не успева да влезе во парламентот. Во 1959 година станува член на парламентот во богатото предградие на Лондон – Финчли.

Во 1961 година премиерот Харолд Макмилан ја назначува за парламентарен секретар на Министерството за пензии и социјални грижи. Во периодот 1970-1974 година е единствената жена, член на Кабинетот на Едвард Хит како секретар за образование и наука.

На 11 февруари 1975 година Маргарет Тачер е избрана за лидер на Конзервативната партија и на таа функција е до ноември 1990 година кога во внатрепартиски бунт е принудена да се повлече од партиското раководство.

На 19 јануари 1976 година таа одржа говор во Кенсингтон во кој остро го критикуваше СССР. Во одговор, весникот на советското Министерство за одбрана ја нарекува Железната лејди и тоа „именување“ е распространето по целиот свет преку радиото Москва.

Кога на 5 мај 1979 година Маргарет Тачер е избрана за премиер, таа е првиот и единствен до моментот премиер во историјата на Велика Британија со високо образование од областа на природните науки и единствена жена во Велика Британија која била на функција лидер на Конзервативната партија и премиер. Поднесува оставка на 22 ноември 1990 година.

Само еден месец по стапување на функција во 1979 година, Тачер ја намалува максималната ставка на данок врз доход. Во 1981 година почнува програма за приватизација на државни претпријатија.

Од 24 март 1982 година до 12 јули 1982 година Велика Британија води војна за Фокландските (Малвински) Острови со Аргентина која завршува со повлекување на Аргентина. Победата на конзервативците во јуни 1983 година често е нарекувана „ефектот Фокланди“.

На 10 март 1984 година синдикатот на рударите почнува штрајк поради затворање 20 нерентабилни рудници. Владата на Тачер е тврдо решена да не се предава во идејата. Рударите почнуваат да се откажуваат и во крајот на февруари 1985 година повеќе од 80.000 работници се враќаат на работа. На 5 март 1985 година националната рударска конференција се согласува на договор што во пракса е безусловна капитулација. Тоа е најнеуспешниот штрајк во англиската историја.

Во 1985 година е првиот западен лидер кој поддржа реформистички напори на советскиот лидер Михаил Горбачов со зборовите – Можеме да работиме заедно.

Со победата на изборите на 11 јуни 1987 година е првиот премиер на Англија кој трипати по ред избори по лорд Ливерпул кој бил на функција од 1812 до 1827 година.

Таа е премиер со најдолг „стаж“ во 20 век.

Се повлекува откако не е реизбрана во ноември 1990 година. Во 1992 година поднесува оставка како пратеник и влегува во Домот на лордовите како баронеса Тачер. Во 2002 година откако преживеа неколку мозочни удари лекарите и препорачаа да не се појавува во јавноста за говори. Во периодот 1995-1996 публикува мемоари во три тома.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...