Тачер е виновна за лошите врски меѓу Британија и ЕУ

Лондон, 12 април 2013 (МИА) - Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол изјави дека некогашната британска премиерка Маргарет Тачер е виновна за лошите врски меѓу Велика Британија и Европската унија.

За лондонски „Тајмс“ Кол открива дека никогаш немал доби односи со Тачер, но сепак ја истакнува нејзината чесност и храброст и големиот придонес што го има направено за Велика Британија и за нејзините граѓани.

Изјавата на Кол (83), кој 16 години беше германски канцелар, вклучувајќи го и времето кога Тачер беше британски премиер, доаѓа по повод смртта на поранешната „Челична лејди“, која во понеделникот почина од мозочен удар на 87-годишна возраст.

Кол ја опишува некогашната британска премиерка како „тежок (политички) партнер“, па затоа како тешки ги оценува и нивните меѓусебни односи, како и односите од двете страни на каналот Ламанш меѓу Велика Британија и ЕУ, која во времето на нивното владеење беше Европска економска заедница.

Според Кол, европското наследство на Тачер е само антагонизмот кон се што доаѓа од другата страна на Каналот. Од германска страна гледано, тој нејзин антагонизам ја карактеризира и денешната британска политика кон ЕУ, забележува некогашниот канцелар на Германија.

- За разлика од односите со другите европски лидери од тоа време и со светот, и покрај напорите од двете страни, Тачер и јас никогаш не успеавме да изградиме доверба и топли односи. Таа ја сакаше Европа, но сакаше Заедницата да биде сосема поразлична од она што го сакавме јас и сите други европски политичари, вели Кол за „Тајмс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...