Парламентот в четврток ќе расправа за Сирија

Лондон, 27 август 2013 (МИА) – Британскиот премиер Дејвид Камерон објави денеска на Твитер дека го свикува парламентот в четврток за гласање за британски одговор за нападите со хемиско оружје во Сирија.

– Одобрено ми е барањето за свикување на парламентот в четврток за гласање реакции против користењето хемиско оружје во Сирија, наведе Камерон на социјалната мрежа.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг  изјави вчера дека е можно да се одговори на употребата на хемиско оружје во Сирија и без едногласна поддршка во Советот за безбедност на ОН.

- Дали е можно да се одговори на хемиското оружје без комплетно единство во СБ на ОН? Би рекол дека е можно, во спротивно не ќе може да се одговори на една таква трагедија, злосторство, а јас не сметам дека тоа е прифатлива ситуација, истакна Хејг.

Велика Британија е меѓу оние држави кои бараат построг меѓународен одговор на наводната употреба на хемиско оружје во Сирија.

- Советот за безбедност на ОН не е единствен по прашањето за Сирија, не ги исполнува своите обврски во врска со оваа земја, инаку ќе постоеше поголема шанса за ставање крај на овој конфликт одамна. Што и да се направи ќе биде согласно меѓународното право, нагласи шефот на британската дипломатија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...