Британија нема да учествува во воена операција во Сирија

Лондон, 30 август 2013 (МИА) - Британскиот министер за одбрана Филип Хамонд изјави дека Велика Британија нема да учествува во каква било воена операција против Сирија, откако Владата не ја доби поддршката од Парламентот.

Хамонд истакна дека САД, клучниот сојузник на Велика Британија ќе бидат разочарани од фактот дека нивната земја нема да учествува, но додаде дека не верува оти неучеството на Велика Британија нема да ја спречи таквата акција.

Владиниот предлог за приклучување на Велика Британија кон евентуалниот воен напад врз Сирија беше отфрлен од Парламентот со 285 наспроти 272 гласови, а премиерот Дејвид Камерон изјави дека ќе ја почитува одлуката на законодавниот орган.

Најмалку 12 земји-членки на НАТО веќе отфрлија какво било учество во евентуалната воена операција на САД во Сирија, доколку таа не биде одобрена од Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави извор од Брисел, јави ИТАР-ТАСС.

- Повеќе земји категорично се откажаа од каква и да е форма на учество во воена операција во Сирија без одобрение од СБ на ОН, станува збор за најмалку 12 држави, изјави истиот извор.

Според него последиците од евентуалната воена интервенција во Сирија се „апсолутно непредвидливи“, а победата на опозицијата во сегашниот состав „е малку веројатна и нема гаранција дека опозицијата е способна да обезбеди долгорочен мир во земјата“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...