Опозициски лидер Јаценјук одби да биде премиер

Киев, 28 јануари 2014 (МИА) - Украинскиот опозициски лидер Арсениј Јаценјук го отфрли предлогот на претседателот Виктор Јанукович да ја предводи владата, изјави министерот за правда Олена Лукаш по синоќешната четиричасовна средба меѓу претседателот и опозицијата. 

Лидерот на опозициската партија „УДАР“, Виталија Кличко изјави дека не гледа никаква можност да влезе во составот на новата влада. 

Јанукович на претходната средба со опозициските лидери на 25 јануари им предложи на лидерот на фракцијата „Баткившчина“, Јаценјук да стане премиер, а на Кличко вицепремеир за хуманитарни прашања.

Властите и опозицијата сепак се договорија да бидат поништени оспоруваните закони, кои беа изгласани на 16 јануари и кои доведоа до радикализирање на протестите. Станува збор за закони, со кои се санкционираат учесниците во протестите.

Двете страни се договориле да биде спроведено амнестирање на сите демонстранти.

Сепак за да се спроведе амнестијата на демонстрантите потребно е тие да ги ослободат сите јавни згради и да си заминат од улиците. 

Не е познато дали барањето на опозицијата за одржување предвремени избори оваа година било разгледано на средбата. 

Поништувањето на законите се случува во пресрет на планираната за денеска седница на украинскиот Парламент, како и самитот Русија-ЕУ, кој ќе се одржи во Брисел.

Во Киев денеска се очекува да пристигне високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, која претходно ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, кој ќе учествува на самитот Русија-ЕУ. Од вчера во посета на Киев е и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...