Украинската армија повика на стабилизирање на земјата

Киев, 31 јануари 2014 (МИА) - Украинската армија го повика претседателот Виктор Јанукович да преземе итни мерки за стабилизирање на состојбата во Украина, се наведува во соопштението објавено денеска на веб страницата на Министерството за одбрана.

- Воените власти и вработените во Министерството за одбраната го повикаа врховниот командант на вооружените сили да преземе итни мерки во рамки на законите за стабилизирање на ситуацијата во земјата, во која веќе два месеци беснеат протести, се вели во соопштението.

Воените сили и Министерството ги сметаат за недозволиви нападите врз јавни згради и обидите да и се пречи на власта во исполнувањето на своите должности и предупредуваат дека ескалирањето на протестите претставува закана за територијалниот интегритет на Украина.

Прес-службата на Јанукович вчера соопшти дека претседателот „е недостапен поради сериозни заболување на дишните патишта“.

Во изјавата, која неколку часа подоцна ја објави Јанукович, тој ја обвини опозицијата дека ја влошува ситуацијата, со тоа што го повикува населението да продолжи да протестира „поради политичките амбиции на своите лидери“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...