пред локалниот парламент во Крим

ВИДЕО: Се судрија проруски и проукраински демонстранти

Симферопол, 26 февруари 2014 (МИА) – Проруски сепаратисти и приврзаници на новото украински раководство се судрија пред зградата на Врховниот совет на Крим пред почетокот на седница на регионалниот парламент.

Кримските пратеници под притисок на проруското мнозинство на полуостровот, требаше да ја разгледаат кризата која доведе до симнување од власт на претседателот Виктор Јанукович.

Учесниците во едниот митинг скандираа Крим не е Русија, и Украина, Украина, и вееја руски знамиња. Мал полициски кордон ги разделуваше двата протеста и тоа придонесе за тензична ситуација во Симферопол, главен град на автономната украинска република.

Според западни медиуми имало околу 2.000 проукраински демонстранти. Дел од нив во изјава за медиуми велат дека се подготвени и „за војна за Украина и за европската иднина“.

Лидерот на кримско-татарскиот протест Рифат Чубаров според ИТАР ТАС побарал категорично откажување на сесијата на локалниот парламент. Во почетокот на протестите проруските демонстранти беа неколку стотици, а подоцна според ИТАР ТАС бројноста била неколку илјади. П

Претставникот на организацијата Руско единство, Сергеј Аксанов изјави пред новинари дека „луѓето се собрани тука за да ја заштитат својата историја, својот јазик и својата култура“. Според 52-годишниот Антон Лјахов, „само Русија може да не заштити од фашистите во Киев и од исламските радикали во Крим“.

Заради тензичната атмосфера во Севастопол каде мнозинство е руско население, почна формирање народни дружини – одреди за брза реакција со цел заштита на редот и мирот во градот, јави ИТАР ТАС. Во нив веќе се запишале над 4.000 доброволци меѓу кои и жени и возрасни лица. Тие ќе патролираат по улиците заедно со полицијата.

Во вторникот, пратеник од руската Дума за време на посетата на Крим, рече дека Москва ќе го заштити локалното руско население. Претседателката на руското Федерално собрание, Валентина Матвиенко негираше тврдења дека Русија може да преземе воена операција во Украина.

– Ние немаме право да се мешаме во внатрешните работи на суверена држава. Ние сме за единствена Украина и нема основа за сепаратизам, нагласи Матвиенко која е родена во западна Украина и блиска до претседателот Владимир Путин.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...