Сакциите за Русија ќе се воспостават „многу брзо“ по референдумот на Крим

Лондон, 11 март 2014 (МИА) - Санкциите за Русија и за „истакнати поединци“ ќе стапат на сила „многу брзо“ по референдумот на Крим, доколку офцијална Москва ги легализира неговите резултати, тврдат лондонските медиуми.

Според медиумите во Лондон, Велика Британија, ЕУ и САД постигнале согласност околу казнувањето на Русија и за тоа во неделата, разговарале во Хановер, германскиот канцелар Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон.



На нивната втора средба во период од десетина дениви, овојпат на маргините на меѓународниот саем за висока технологија ЦЕБИТ, што се одржува во овој германски град, Камерон и Меркел уште еднаш расправале за украинската криза и за мерките против Русија.

ЕУ претходно предупреди дека поради интеревенцијата на Крим, Русија ризикува да биде казнета со замрзнување на имотот и на средствата во странски банки, како и за забрана за патување на „поединци“.

Во Лондон е потврдено дека „се прави листа на оние кои ќе бидат казнети“.

Претставник на Даунинг стрит 10 изјави дека станува збор за санкции кон „истакнати поединци“ а не кон руските граѓани, но одби да потврди и да демантира дали со забраната за патување на Западот ќе биде опфатен и претседателот Владимир Путин.

Лондонските медиуми тврдат дека британскиот премиер ветил во Германија дека Велика Британија целосно ќе партиципира во санкционирањето на руското однесување во украинската криза, што е различно од досегашната британска умереност и резервираноста да се казни Москва.

Британската Влада, претходно, најавуваше дека нема да ги прекине руските финансиски трансакции во лондонскиот финансиски центар Сити, како и дека нема да ги прекинува трговските врски со Русија, но сега Камерон тврди дека Владата во Лондон е подготвена да го „жртвува“ Сити и да им наштети на трговските односи, за да се казнат Путин и Русија.

ЕУ и САД бараат од Москва да почне разговори со новите украински власти, да ги поддржи парламентарните избори во Украина од 25 мај, да ги повлече своите трупи на Крим, назад во базата и да ја прекине подршката за, како што се вели, илегалниот кримски референдум за отцепување. Една од најавените казни, доколку не се осполнат овие барања, е и исклучување на Русија од групата Г8 во која членува од 1998 година. Во меѓувреме, САД ја одбија од Москва понудената средба на државниот секретар Џон Кери со претседстелот Путин, барајќи претходно од Русија да исполни некои од барањата.

Во Ростов на Дон, пак, каде сега престојува, поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, тој одново се појави на прес - конференција, на која рече дека и понатаму е шеф на државата, врховен командант на армијата, како и дека изборите од 25 мај се нелегитимни и противуставни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...