Генералот ја плаќа цената за непружање на отпор

Последица од невидениот срам, како што ја оценуваат аналитичарите состојбата во која Украина без ниту еден испукан куршум го предаде Крим на Русите, за сега сноси само поранешниот министер за одбрана Игор Тењух.

Повлекувањето на украинската војска од Крим без испукан куршум на почетокот собра комплименти од Киев и Москва, но цената за нереагирањето на крајот формално мораше некој да ја плати – без колебање е прифатена оставката на досегашниот украински министер за одбрана генералот Игор Тењук. На него, навистина неофицијално, се става на душа дека пропуштил да прогласи вонредна состојба и општа мобилизација во моменти кога земјата беше нападната.

Мирната абдикација на украинските трупи пред се ја пофали рускиот претседател Владимир Путин, заблагодарувајќи се на тие украински војници кои не тргнаа по патот на крвопролевањето. На ист начин постапи и вршителот на должноста претседател на Украина Александар Турчинов, кој рече дека – наспроти огромните загуби украинските сили на Крим сепак ја извршиле својата должност. Под огромни загуби Турчинов веројатно мислел на илјадници војници кои преминаа на руска страна.

- Во украинската војска служам веќе 15 години и за цело време од нив не добив ништо. Досега служев во украинската, сега останувам во служба на кримскиот народ – рече за Би-Би-Си еден војник од Крим.

Со до сега ретко видениот феномен за предавање без отпор главно се занимаваат руските медиуми кои анализираат што било услов за ваков тек на настаните. Наводно, од самиот почеток немало дадено наредба за пружање на отпор на диверзантите кои ги заземаа административните згради во Симеферопољ, иако недалеку се наоѓаа елитни единици на украинските специјалци Алфи. Обидите на раководството на земјата да ги оправдаат специјалците со тоа дека не се обучени за напади на згради, туку само за евентуално спречување на неред меѓу кримските Татари, не можат да ги намалат критиките, оценуваат руските медиуми.

Аналитичарите сметаат дека веќе од првиот ден од појавувањето на луѓето во зелени униформи без ознаки било неопходна наредба од главниот командант и министер за одбрана на Украина, војската да излезе од касарните и да ги заземе сите стратешки важни објекти на Крим (патишта, аеродроми, траекти, железнички пруги, објекти за врски), како што било неопходно и да се блокираат воените сектори на руската Црноморска флота стационирана во Севастопољ. Наместо тоа, издадена е само наредба која неколку недели не била менувана, да се остане во касарните, да не се наседнува на провокации, оружјето да остане затворено во оружарниците.

Кога конечно стигнала специјалната директива за евакуација во континенталниот дел на земјата, повеќе немало никој и ништо за евакуација. Според податоците од медиумите, околу половина луѓе преминале во руската армија. Неуништеното оружје едноставно било предадено. Поголем срам украинската војска до сега не доживеала, сметаат аналитичарите.

Според мислењето на украинските и руските набљудувачи, раководството на Киев, а пред се вршителот на должноста претседател и главен командант Турчинов и министерот за одбрана Тењух ја предале својата армија – од глупост или свесно и намерно, повеќе не е важно, наведува рускиот сајт Обозреватељ.

Политика – Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...