Полска во ЕУ:

10 години потоа

Скопје, 30 јули 2014 (МИА) - Кога во 2004 година Полска стана полноправна членка на Европската унија, многумина Полјаци стравуваа од губење на националниот суверенитет. Но, денес, како во ретко која друга од останатите „нови“ земји-членки на ЕУ, во Полска владеат доминантно проевропско чувство и ориентација.

Во изминативе 10 години Полска успеа да прерасне во една од појаките и повлијателни земји-членки на ЕУ, која знае како да ги остварува своите интереси, но во исто време и да се однесува одговорно кон процесот на евроинтеграции.

Во изминатава деценија Полска стана активен играч во рамките на ЕУ. Иако, не е членка на еврозоната, Варшава активно учествуваше во дебатите за реформите на Европската монетарна унија, поаѓајќи од определбата за воведување на еврото како национална валута во следните години. Во текот на дебата за финансиската рамка на Унијата за периодот 2014-2020 година, Полска беше една од најактивните учесници со цел да обезбеди средства за сопствените развојни перспективи. На, овој начин Варшава покажа како влијанието и вклученоста во европските текови може да се искористи за остварување на сопствените интереси и потреби.

Полска во текот на десетгодишното членство на ЕУ стекна репутација на доследна и одговорна земја. Тоа во голема мерка се должи на добрите економски перформанси и на политичката стабилност во услови на глобалната економска криза, но и на високата јавна поддршка на интеграцискиот процес.

Државата успеа да се инволвира во севкупните европски процеси, за што свој придонес дадоа и европратенците, како директни претставници на Полјаците во Европскиот парламент. Влијание на тоа имаше и бројното присуство на полски европратеници во двете најголеми пратенички групи во Европарламентот – Европската народна партија (ПЕС) и Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Во претходниот состав на Европскиот парламент од вкупно 264 пратеници на ЕПП 28 беа Полјаци, а од 161 социјалист седум беа од Полска. Во новиот состав, избран годинава во мај, 23 од 214-те европратеници на ЕПП и пет од 185-те на ПЕС се Полјаци. 

Создавајќи се имиџ на тимски играч, Полска знаеше да обезбеди соработка со останатите земји-членки, поаѓајќи од сознанието дека во семејство од 28 члена, не може да се постигне многу како соло играч. Тука посебна улога има Вишеградската група, чиј членки (Полска, Словачка, Унгарија и Чешка) заедно имаат исто гласови колку и Франција или Германија и која стана најуспешна регионална групација во рамките на ЕУ. Но, Полска не се ограничи само на вишеградската „четворка“, туку од 2012 година стана дел и од Вајмарскиот триаголник, кој стана значаен форум за консултации и изградба на заеднички позиции и ставови меѓу Варшава, Берлин и Париз за клучните европски прашања.

Членството во ЕУ како основа за значаен економски раст

Покрај политичките, членството во ЕУ имаше и економски придобивки за Полска. Проценките говорат дека ако Полска не беше членка на ЕУ, во 2013 година ќе имаше бруто домашен производ по глава на жител на ниво како она што го оствари во 2009-та. Полскиот извоз ќе беше помал за 25 отсто, а капиталните трошоци за 25 проценти, додека невработеноста ќе беше поголема за 38 отсто. Едноставно без членство во ЕУ, многу Полјаци ќе беа без работа, вработените ќе имаа помали плати, полската економија ќе се развиваше со многу побавно темпо.

Со самиот влез на Полска во ЕУ на 1 мај 2014 година започна импресивната етапа на полскиот економски развој. По првите неколку години на адаптација во новата средина, Полска започна да се движи со крупни чекори во економскиот развој. Благодарејќи на можностите што Полска ги стекна со членството во ЕУ, нејзините клучните економски и социјални показатели остварија забележителен напредок, иако тие промени можеби се уште не се на ниво кое го очекуваа мнозинството Полјаци. 

Од тој аспект особено значајно е што по првите неколку години од приемот во ЕУ, Полјаците сфатија дека членството во Унијата не е гаранција за развој, туку можност и дека од самата земја ќе зависи дали ќе успее да ги капитализира потенцијалите кои се нудат за економскиот раст.

Денес, 10 години по приемот, Полска е лидер во економскиот раст со остварено зголемување на БДП од 48,7 отсто, но она што е уште позначајно полската економија го помина тестот за време на глобалната економска криза, бидејќи беше единствената во ЕУ која во 2009 година не западна во рецесија. Само во периодот 2008-2013 година, Полска оствари раст на БДП од над 20 проценти, што е убедливо најдобар резултат во рамките на ЕУ.

Благодарение на темпото на раст, кое беше многу побрзо од она на другите земји во ЕУ, нивото на економски развој на Полска достигна две третини од европскиот просек. Во 2003 година БДП-то на Полска изнесуваше 48,8 проценти од просекот на ЕУ, а во 2012 тој достигна ниво од 66,9 отсто.

Економскиот раст беше следен и со значителни промени на полскиот пазар на трудот. Во првата деценија од членството во ЕУ во Полска се отворени два милиони нови работни места, што овозможи поголема вработеност и намалување на бројот на лица кои живеат во сиромаштија или социјална екслузивност од седум милиони во 2005 на 1,3 милиони во 2012 година.

Добрите економски резултати не ќе можеа да бидат остварени доколку Полска немаше конзистентна и одговорна економска политика и доколку не изградеше ефикасни институции кои ја гарантираат стабилноста на економијата.

Сите овие резултати придонесоа кредитниот рејтинг на Полска во 2007 година да порасне од БББ+ на А-.

Фондовите на ЕУ како дополнителен стимул на развојот

Членството во ЕУ на Полска и овозможи и директен пристап до фондовите на ЕУ. Така, благодарејќи на средствата од ЕУ фондовите во периодот 2004-2013 година во Полска беа реализирани над 160.000 проекти, меѓу кои и изградба или модернизација на 1.481 километри автопати, 36.000 километри канализациска мрежа и на 683 објекти за преработка на отпадни води.

Полза од средствата од европските фондови имаа полските компании кои за реализација на околу 62.600 проекти од 2004 година добија евра.

Полските земјоделци пак од Буџетот на ЕУ во периодот 2004-2012 година добија речиси 13 милијарди евра директни субвенции од ЕУ. Се вкупно, за модернизација полското земјоделството и земјоделско-перхранбениот сектор добија над 29 милијарди од европските фондови.

Средства од фондовите на ЕУ беа искористени и за подобрување на полскиот образовен систем. Така, над половина од училиштата во Полска или речиси 20.000 добија целосно опремени компјутерски лаборатории набавени со средства од европските фондови.

Од приемот во ЕУ Полска од европските фондови вкупно добила 61,4 милијарди евра.

Пораст на полската емиграција во границите на ЕУ

Приемот во ЕУ на Полјаците им овозможи пристап до европскиот пазар на трудот и користење на социјалните бенефиции во останатите, пред се западните, земји-членки на Унијата. Како резултат на тоа над 1,7 милиони полски граѓани ја напуштија својата татковина и заминаа да работат во некоја од останатите членки на ЕУ.

Ваквата миграција имаше големо влијание врз социјално-економската состојба во Полска, но од денешна перспектива се уште е релативно тешко да се проценат нејзините последици на подолг рок.

Сепак, на краток рок, иселувањето на големиот број Полјаци придонесе за пад на невработеноста во Полска и до намалување на социјалните тензии.

Од друга страна намалувањето на бројот на економски активната популација беше надоместено со зголемување на приливот на средства што емигрантите ги испраќаа на своите семејства во Полска. Како резултат на ова во периодот 2004-2013 во Полска се слеале над 36 милиони евра во форма на средства испратени од емигрантите.

Полска - земја на еврофили

Сите овие економски и социјални показатели, но и подобрувањето на квалитетот на животот на обичните граѓани придонесоа за пораст на евроентузијазмот меѓу Полјаците.

Пред приемот во ЕУ само 42 отсто од Полјаците сметаа дека членството во Унијата е добро за нивната земја. На референдумот за членство во ЕУ во јуни 2003, „за“ се изјаснија 77,6 проценти од оние кои го искористија своето гласачко право или 13.514.372 лица, што претставуваше 45,2 отсто од вкупниот број регистрирани гласачи.

Сепак по приемот во Унијата, бројот на Полјаците кои имаат позитивен однос кон ЕУ расте од година во година, бидејќи тие се повеќе се свесни од придобивките што нивната земја ги има со членството во Унијата.

Така, денес големо мнозинство од Полјаците од сите општествени и старосни категории имаат јасно нагласена поддршка и позитивен однос кон ЕУ.

Благодарени на отвореноста и надежта на милиони Полјаци, проевропското чувство денес е вреден капитал на кој многу други земји-членки на ЕУ можат да и позавидат на Полска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...