Русија „не претставува ништо“, Кина е клучна

Вашингтон,4 август 2014 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама,во разговор за неделникот „Економист“ ја отфрли улогата на Русија во светската политика,тврдејќи дека таа, како држава „ништо не претставува“.

Обама во разговорот оцени и дека Западот „има потреба„ да биде прилично одлучен кон Кина,откако Пекинг настојува да ја прошири својата улога во светската економија. Зборувајќи за своите и за американските гледања кон двете светски сили,претседателот на САД ја обезвреднува руската улога во светот,но и го отфрла претседателот Владимир Путин,како лидер. За него,Обама вели дека „предизвикува краткотрајни проблеми,што ќе и наштетат на Русија на подолг рок“.

 Русија е третиот најголем производител на нафта и втор за природен гас во светот.ЕУ силно зависи од руските енергетски суровини,а тоа ја отежнува западната реакција на кризата во Украина.

Американскиот претседател,сепак, смета дека не е важно да се одржува перспективата на односите (со Русија).

- Имигрантите не итаат кон Москва,за да си обезбедат таму некаква перспектива, забележува претседателот на САД.

Во освртот на руските регионални предизвици,Обама вели дека САД и неговите сојузници мора да бидат сигурни дека тие (предизвиците) нема да ескалираат. Посебно не таму, каде нуклеарното оружје,наеднаш,одново се врати во надворешната политика.

Минатата недела,тој ја обвини Русија дека го прекршува договорот за нуклеарното разоружување,од 1988 година,што од Москва беше веднаш отфрлено. 

Лондонскиот весник потсетува дека претседателот Обама настојуваше да ја фокусира американската политика,наместо кон Европа, кон Азија,што требаше да биде одговор на кинеската економска и воена моќ.

Но, изминатите месеци го засенија таквиот план,со неколку меѓународни кризи. Меѓу кои е и руската поддршка на сепаратистите во источните делови на Украина.

Во разговорот за „Економист“ американскиот претседател се осврнува и на тензиите со Кина,но за нив смета дека тие може да се уредат.

- Кина е вклучена во неколку територијални спорови во Јужното Кинеско Море и одвреме,навреме со Западот за прашање од интелектуалната сопственост,оценува Обама и вели дека Кинезите не се сентиментални,како и дека не се интересираат за апстрактни работи. Кон Кина,сепак,треба да се има одлучна политика,затоа што Кинезите ќе притиска силно,се додека не наидат на отпор,вели американскиот претседател Обама,во разговор за лондонски „Економист“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...