Снајперист од скеле

Во Украина за пари може да се купи се, па и човечки живот. Мојот не чинеше ни малку, но спасен е. Пријателите собраа пари и платија на старешините на украинската војска. Така ме пуштија. Да знаеја дека сум борец на проруските сили Северен ветер, а уште и снајперист, веројатно никогаш немаше да бидам на слобода.

Дејан Бериќ (40) од Путинце кај Рума, борец на силите на т.н. Доњецка народна република кои на исток војуваат со официјалната војска, вака го опишува своето излегување од украински затвор. Во раце на киевските војници паднал кон крајот на минатиот месец. Заробен бил на пат меѓу Луганск и руската граница, во тек на транспорт на ранети кон рускиот град Ростов.

Како што се проценува, Бериќ е еден од неколку десетици државјани на Србија кои учествуваат во граѓанската војна во Украина. Тој негира дека е дел од четата Јован Шевиќ, каде се доброволци од Српското четничко движење. Со горчина ги одбива и гласините дека Србите во оваа војна се борат само поради пари.

- Не сум платеник, а дури и да сум, навистина не знам кој таму би можел да ме плати – вели Бериќ, кого јавувањето од Новости го затекна во Ростов, каде се одмара и бара работа, за да го врати долгот за откупот. – Проруските сили немаат пари. Имаше денови кога немавме ни што да јадеме. Нема воена опрема, често ни муниција. Целото оружје и опрема го запленивме од украинската војска.

Нашиот соговорник вели дека бил заробен заедно со група од 18 соборци, облечени во цивилна облека и без оружје. Недалеку од Луганск ги пресретнал украински тенк, а потоа биле уапсени. Во притвор, вели тој, Украинците не ги мачеле, имало храна и вода, но и не биле сигурни кого го држат.

Од Срем во Украина Бериќ го водел преку градилиште во рускиот град Сочи. Тој се нашол меѓу неколку илјади Срби кои во почетокот на минатата година работеле на изградба на тој град пред Олимписките игри. Мајстор е за вградување на алуминиумски прозори и ПВЦ столарија, а работел за фирма од Нови Пазар.

- Чесно работев, но газдата и неговиот предработник ме измамија. Не сакаа да ми платат, ниту да ми обезбедат работна дозвола. Кога се побунив, ми понудија само 1.400 долари, под услов веднаш да го напуштам градилиштето. Тоа не го направив, за да можам да ја тужам фирмата кога ќе се вратам во Србија. Останав на улица, без пари и леб. Тие денови кулминираше кризата на Крим. Се зборуваше за НАТО инвазија. Бидејќи немав што да изгубам, седнав на автобус и се пријавив во доброволци.

Како што вели тој, НАТО му останал должен од 1999 година во Србија, што било пресудно да се приклучи на руските сили. Распореден е во група Северен ветер, чија задача била да спречи упади на диверзантски групи. Кога кризата на Крим поминала, тргнале кон источна Украина.

- Во војската барем имав што да јадам – вели тој.

Специјалните задачи Бериќ ги научил во војната во 1999 година во Армијата на Југославија. Тврди дека од секогаш бил добар стрелец, а поминал обука за снајперска пушка.

- Во четата бев извидник-диверзант, а задача ми беше во тек на напади на нас да барам и уништувам непријателски снајперисти. Во повеќето судири во кои учествував, нашите непријатели не беа Украинците. Нивните главни сили со кои се боревме ги сочинуваа платеници, дел Американци и Полјаци. Во притвор слушнав дека на страната на официјален Киев се борат и Хрвати, дури и Срби, но тоа се само гласини. Ниту еден не видов, ниту имаше такви меѓу убиените или заробените.

Во баталјонот на Бериќ Југоисток на Првата интервентна бригада се борат главно Руси од Украина. Негов член е уште еден доброволец од Србија, кој е на позиција кај Доњецк но и двајца Шпанци.

Тешки борби, страдаат цивили

Борбите во источна Украина се сурови, иако украинските сили ретко преземаат отворени напади. Воените позиции ретко се гаѓани, но затоа цивилните објекти редовно се на нивен удар, тврди Бериќ.

- Кон средината на јули мојата чета го запоседна коридорот преку селата Степановка и Мариновка, во Доњецката област, во која подоцна влезе украинската војска. Тие две села денес не постојат. Сите куќи се срушени, а сите затекнати цивили настрадаа. Во борбите во околината изгубив 250 соборци, од 700 колку што беа на позиција. Украинските загуби беа неспоредливо поголеми: загинаа над 1.000 војници – вели тој.

Вечерње новости - Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...